Македонска фрустрација!

•April 8, 2007 • 4 Comments

Не е ни чудо зашто толку време не шетале по тавани, а сега и кога сме самостојни пак не шетаат. Дијагнозата е едноставна: Македонска фрустрација. Жалам што сеуште не се најде лек за тоа. Нема спор во Македонија, а да не се сведе на нископрофилна кавга на националистичка тема.

Во сите случаи ако мислиш различно од другите, испаѓаш предавник, бугарофил, србофил, гркофил, а всушност Македонецот е ФОБ. Секоја вечер сонува како го мачат Бугари, Срби, Грци, Албанци.

О! жален ти Македонецу.

Не мислев да се занимавам пак со оваа проблематика кај нас, ама на текстот Веронаука нон-грата од Зимски има конкретен пример за ова што го говорам. Текстот си е едно лично мислење на граѓанин на Македонија. Коментарите на тој текст се сосема нешто друго. Нема никаква критика, не држи, и за жал тоа е најчест пример за како тоа „патриотите“ кај нас, размислуваат за дневно-политичките и општествените проблеми.

Погледнете го текстот, и кажете каде тоа е поврзано со Бугари, Срби, Грци, Албанци.

Ова и не е текст за пост, туку за коментар, па тоа и правам сега, коментирам на (за жал) 90% од критичката маса во Македонија.

Денес во 21 век, само ниско-интелектуалните (прости) граѓани на Македонија, можат да се занимаваат со такви нископрофилни билни „патриотски“ препукувања. На крај, па Бугарија прва не призна под уставно име. И? Зашто?

Нај лошата слика кај нас е, што таквите пљампачи немаат леб да јадат (зборам за 90% од народот), па едино место каде што можат да се истурат е на сметка на некој од страна, а никако против тие кои им го направија животот претање во кал. До вчера одеа да се тепаат ако некој близок им замине како монах во манастир, се брцаа во мрвки среде пости, а сега најдоа да зборат за проблематиката во Црквата, како некој бил предавник. Кутри сме. Многу сме кутри.

Нa крај може да се спомене: Лицемерие и Фрустрацијa владее кај нас, и се додека е така, се додека не погледнеме отворено на случувањата кај нас, нема да се ослободиме од инерцијата која не влече на назад.

Резил!

•March 31, 2007 • 8 Comments

Никако не ми е сватливо, како тоа ние си придаваме сами на значење, дека ние сме некој битен фактор во светот. Па тоа никој не не рецка, се смеат на нас. Македонија, мноооооогу време пред Србија побара олеснување за визниот режим, а Србија веќе овој месец ќе потпише спогодбата. Кој тоа ни боди стап во очи и ни вика, не бе сламка е.

Викаат РЕФОРМИ! БОРБА СО КРИМИНАЛОТ! Еве, ако разгледаме еден пример од Прилеп (сепак јас сум од таму), не работи ни една фабрика, дури и Тут-Ком е во пропаст невиден, а има преку 80 000 жители. Почнаа барем да расчепкуваат во криминалот во Тут-Ком, ама тогаш-затогаш, сега никој ни ал ни абер, до каде се судските процеси… мм сумливо, а во емисијата ВО ЦЕНТАР со Васко Ефтов, се расправаше за тобако мафијата…. и пак тие па тие имиња, веќе не сакам ни да ги спомнам. Значи, како и да го вртеш газот, од позади ти иде. А се вмешани крими-гуруата во нешто, не барајте судски процес.

Деновиве беше актуелно, како во Бугарија се спомнала идејата за соединување со Македонија. Па со оглед на ситуацијата која ја живееме или поточно вегетираме тука, по изводливо решение нема. Ем во ЕУ, ем на море, ем евтини автомобили, ем пазар за 10 милиони луѓе.. Не Каракачанов во ВМРО-БНД, ами и Волен Сидеров од АТАКА, ќе победи. Бедни сме, Се додека не се чепне во Змијарникот, змиите залудо ги бркаме по полето. РЕЗИЛ! МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ? ЗА 20години минимум.

М„ПЦ“s adventures-превземено

•March 31, 2007 • Leave a Comment

Расколничката МПЦ
ќе го суди Архиепископот г. г. Јован на Велики четврток

 

Дали постои некаква символика во тоа што судењето на Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г. г. Јован за кривично дело „затајување“, за кое беше ослободен од Основниот суд во Велес, а Апелациониот суд во Скопје го врати на повторно судење, е закажано за 05-ти Април 2007 год., односно на Велики четврток?

По барање на расколничката организација, која се самонарекува МПЦ, почнувајќи од 2003 год., па се досега, власта прави политички прогони врз Архиепископот г. г. Јован. Како резултат на тие политички прогони тој е веќе двапати затворан. На последното судење, на кое беше обвинет дека затаил цели црковни буџети во период од четири години, беше ослободен од судот во Велес, но по жалба на Јавниот обвинител, Апелациониот суд во Скопје го врати делото на повторно судење. Судот во Велес го закажа судењето токму на Велики четврток. Со какво лице ќе дојдат тужителите, расколничката МПЦ, да го судат Архиепископот г. г. Јован на Велики четврток?

Во продолжение го поставуваме Завршниот збор што Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г. г. Јован го даде пред судот во Велес минатата година по истото обвинение.

 

::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::

 

К. бр. 86/04 – во Основниот суд во Велес

 

ЗАВРШЕН ЗБОР
на Архиепископ охридски и Митрополит скопски г.г. Јован
на судењето за кривичното дело „затајување“ по чл. 239 ст. 4 в.в.ст. 1 в.в.чл. 45 од Кривичниот законик

 

Почитуван претседателе на судскиот совет,
Ќе се потрудам да бидам многу краток и тоа од три причини, иако обвинението со кое се теретам е многу опширно.

Прво, затоа што во исказот кој судот ми дозволи да го дадам бев доволно опширен и мислам дека ги одговорив сите аспекти од обвинението, второ затоа што доказната постапка докажа дека обвинението е потполно неосновано и трето, а можеби и најважно што во политичките процеси колку повеќе зборуваш тоа е повеќе на твоја штета. Тоа добро го испробав, низ неколку политички процеси кои власта ми ги конструира и овој пат решив барем да не си трошам зборови.

Тоа дека и овој судски процес е конструиран за политичка пресметка со мене мислам дека ниту се крие, ниту оној кој го конструирал, а тоа е власта сака да има конспиративност.

Прво Управата за Безбедност и Контраразузнавање ми ја запали куќата, потоа дојде јавната безбедност и она што не беше изгорено го заплени. И тоа ги заплени токму документите и архивите за овој судски процес, а никогаш потоа не ги врати. Кога овој суд побара доказ дали полицијата ми ги вратила запленетите материјали, добивте одговор дека ми ги вратиле, ама не направиле записник за тоа. Дали е тоа можно, навистина да ги вратиле, а да немаат записник за тоа, судот нека цени, но кај мене ќе остане сомнеж дека тоа е направено во соработка со јавното обвинителство за да ги оневозможат да се прикажат моите докази. Во нормални услови и во правна држава, само овој непобитен факт, дека полицијата ми ги одзела клучните документи за процесов е доволен за ослободителна пресуда, но во овие наши услови …

Ќе бидам искрен, давајќи одбрана за делото за кое сум обвинет се чувствував многу бедно. Не затоа што сум горд, или за тоа што не сакам да дадам отчет, туку затоа што судејќи ме мене за затајување се суди целата Црква, дури некои нејзини високи управители и да не се свесни за тоа. И тоа не се суди Црквата внатре во Црквата, туку се суди пред сите јавно.

Потешко значи ми е тоа отколку директно без процес да бев осуден. И вака и така, јас веќе навикнат на живот во затвор. Така немаше да падне сомнеж на Црквата. Немаше да падне сомнеж дали е можно ова за кое сум обвинет да го правел само еден од осумте владици во МПЦ. Но, за срамот кои го нанесоа на Црквата нека мислат оние кои дадоа предлог за гонење, а тоа е МПЦ, при тоа свесни дека црковните канони забрануваат свештени лица да се судат во граѓански судови.

Но, ако оние кои го дадоа предлогот не се вични ниту во црковното, ниту во кривичното право, требаше малку повеќе доблест да има јавниот обвинител и да не подига обвинение, особено затоа што истрагата и вештачењето дадоа цврсти докази дека во овој случај нема кривично дело. Во почетокот на овој судски процес, јас и напишав едно остро пимо на јавнот обвинител во кое ја укорив за тоа што превзема и противзаконски и противуставни дејства влегувајќи во работата на верските заедници кои според устав се одвоени од државата, а со тоа државата или било која државна институција нема право да им врши финансиска контрола.

Како минува времето гледам дека малку сум избрзал, зашто после моето затворање се докажа дека јавниот обвинител всушност само се појавува на судењето, можеби и без тоа да го сака, ама мене ме гони државата и тоа од највисоко ниво, од претседателот на државата г–динот Бранко Црвенковски кој јавно кажа дека Охридска Архиепископија на која сум Архиепископ ќе ја уништела МПЦ и затоа на секој начин требало да се спречи нејзиното постоење.

Така, за да се заштити МПЦ, државата отвори неколку судски спорови против мене. Веќе ме сместија во затвор и мислат дека со продолжени судења кои ги најавуваат, нас ќе нè истоштат, истовремено ќе нè казнат, а МПЦ среќно ќе си живее.

За да се оствари кривичното дело за кое сум обвинет потребно е некој да ми доверил некои средства или предмет и јас да сум ги задржал со нив да располагам или пак сум му ги дал на некој друг тој да ги употребува. Самиот факт што ниту во обвинителниот акт, ниту во доказната постапка се утврди што е тоа што ми било доверено, а јас сум го затаил, е основа судот да утврди дека нема кривично дело и да донесе ослободителна пресуда. Од друга страна, дури и летимичен поглед на обвинителниот акт дава впечаток дека е подигнат за друго кривично дело: „злоупотреба на службената положба и овластувања”, а не за кривично дело „затајување”. За да не испадне дека иако сум обвинет за затајување, судот да ме суди за злоупотреба, или како медиумите тоа го нарекуваат малверзации, би замолил да се има во предвид тоа дека одлуките на верските заедници, според чл. 14 од Законот за верски заедници и религиозни групи не произведуваат дејства надвор од самите заедници. Тоа значи дека се нелигитимни во правниот промет. Со други зборови, одлуките кои ги носела Црквата, нејзините тела и органи, а нејзино тело е и самата служба на Митрополитот не предизвикуваат дејство ниту пред овој суд. Дали некои тела и органи во Црквата вршеле пренамена на средства и претурале од еден фонд во друг, не може и не смее да биде од интерес на судот. Тоа е внатрешна црковна работа, иако како што вештачењето и самата доказна постапка покажа, за сите поголеми суми одлучувал Епархискиот Управен Одбор, а за она што не одлучувал дал позитивно мислење кога се усвојувала завршната сметка.

Бидејќи судскиов процес е јавен, а средствата за информирање вршеа огромен притисок преку јавноста, нека ми биде дозволено да го кажам и следново:

Судот го отстрани од можност да го следи процесот Епископот Марко дремвицки затоа што оцени дека со некоја негова изјава правел притисок врз судот. Но, не отстрани ниту еден од претставниците на средствата за информирање затоа што со своите груби лаги вршеа не еднократен туку континуиран притисок врз судот.

Не е ли притисок за судот и не требаше ли претставниците од средствата за информирање да бидат опоменети дека вршат притисок врз судот со тоа што изјавуваа дека сумата која е предмет на затајувањето е 550 000 €. Сега, кога процесот завршува и кога е многу лесно да се утврди дека сите средства од буџетите кои се споменуваа во обвинението не се повеќе од 200 000 €, треба да чувствуваат срам оние кои намерно сакаа да направат лажна слика. Имено, дури и да усвоеја сума од 200 000 € како предмет на затајувањето, пак ќе беше нереално, зашто во тој случај како за ништо друго не се трошеле средствата: ниту се исплаќало плати, ниту патни трошоци имало, ниту се одржувале објектите, ниту канцелариски материјал се купувало, единствено испаѓа како некој само да внесувал средства, а јас само да сум ги затајувал.

Ќе завршам со тоа дека не само што не се чувстувам виновен за кривичното дело за кое сум обвинет, туку сметам дека целата доказна постапка покажа дека не сум направил кривично дело затајување. Се надевам дека судот правилно ќе ги цени фактите, не под притисок на политиката и средствата за информирање.

Затоа, согласен во сè со мојот бранител, барам судот да го одбие обвинителниот акт, како акт подигнат од неовластен тужител, а во колку тоа не го усвои да донесе ослободителна пресуда бидејќи не е остварено дејството на кривичното дело за кое се теретам.
30 март 2006г.

превземено од http://www.poa-info.org

Што сега?

•March 25, 2007 • Leave a Comment

 

Во петокот, на 23.03.2007 во политичкиот неделник „Фокус“, го читав интервјуто на Алесандар Цветков, екс началник на Петтата Управа. Тоа интервју е полно со обвинувања и „сомневања“ (неможе да се сомневања, зашто лично е сведок) дека единствени кои се виновни за аферата „Големото Уво“, војната во 2001, „Раштански Лозја“, „Љуботен“ и многу други се, никој друг, ами (аман, пак тие) Бранко Црвенковски, Хари Костов, Зоран Верушевски и компанија….

Се прашувам, во печатен медиум, кој е во достап за сите, има директни обвинувања за огромни афери кои отвораат врата на скриениот криминал кој и те како боди во очи кај нас, а никој не се става во функција да ги расчисти тие дилеми.

Kако прво, нит Јавен Обвинител покренал постапка, нит ценетите ни „интелектуалци“ се обиделе да сторат нешто, нит новинар и тв медиум се обиделе да направат истражување или дебата или што и да е, кое ќе биде во полза за целосно растерување на црниот облак кој е над нас веќе многу години.

Aко земеме за пример дека црковниот проблем кај нас, никогаш не бил истакнат на јавна дебата, на соочување на спротивставените страни и друг вид на иницијативи (и земеме во предвид дека „главата“ на гореспоменатите личности е дубоко замешан и тука) ќе дојдеме до заклучок, дека сум сосема прав, во подолу истакнатиот текст за „Новинарите“ кај нас, дека се само пиуни на криминални структури. А и затоа не е чудно што чесните станаа криминалци, а криминалците станаа чесно (нормално, медиумите го покажаа дека е така, а нема кој да ги коментира нив, дали е вистина или не).

И сега? Обичниот граѓанин, каков што впрочем сум и јас.. Кога ќе види дека сите кецови во ракав се потпишани од Б.Ц. ќе се праша ШТО СЕГА? (Кој е тој маж, што ќе одговори?)

(дноел ФНМ – турбо инџекшн) Оти така ми чини!

•March 22, 2007 • 2 Comments

Размислував, што кај нас работи како што треба. Па, собирањето на „релевантни“ инвормации од „релевантни“ медиуми, како печатени така и телевизиски, дојдов до заклучок дека една фабрика работи со турбо инџекшн. дноел ФНМ (друштво со никаква одговорност на едно лице Фабрика за Новинари на Македонија). За да не се остава простор за бајрам со умот, директор, покровител, управител и т.н. е Б.Ц. A зошто со никаква одговорност?! Е тука треба да си тотален промашај, да го прашаш тоа.

Имено, повторно на мета се „одметнатите“ монаси, монахињи и самиот Архиепископ на ПОА, г. г. Јован, кој впрочем одлежува по втор пат едногодишна казна затвор, за делото: „евентуална помисла за затајување на пари“. Еве да ја занемариме темата дека Архиепископот е во затвор, ајде нека да биде термиот „одметнатите“. Па денес сме сведоци дека цела интелектуала ни се одселува од државава (со извинение на тие што останаа во Македонија, кои впрочем се „деланки од шумата“- одпадоци од здравите стебла на интелектот кај нас). Зашто тие не се одметнати и не се предавници? Па нормално како тие така и монасите и монахињите, сватиле дека ако сами не си превземат во раце (младината и интелектуалците за свое егзистенционално добро, а монасите за доброто на Црквата, и за единство со севкупната Православна Екумена), тука никој не го боли уво и само ќе си останат на „Што би било ако би било?“. Дали РАС (расколничкиот архиерејски синод) на МП„Ц“ до сега сослужувала со клирици од другите Православни Цркви во светот? Не, а зашто би? Не сакаат да ги изневерат Властите во Македонија (уште од поодамна коа беа другари), они се договорени, сите за еден, еден за сите. Како може МП„Ц“ да излезат од изолацијата, а другиве да останат? Има нека тајна веза. Нема везе, кој сака да види, многу јасно се гледа, него, јас сакав да пишам за фабрикава.

Е тука, во таа фабрика, сиработи еден нечовек, чии иницијали се погоре наведени (не би ги пишел пак зашто ми го грди текстов). Тој нечовек, има никаква одговорност, и е заслужен за издебилизираноста на земјава. Самиот он, (замисл, самиот) си направи машина, на која притиска само едно копче и оп, од другата страна на машината излегува новинар.

Една група од таквите произведенија, или измишљотини, здружени во дневникот „Утрински“ си напишале како што им чини на нивниот ум. Имен,текстот (за привремениот престој на група монахињи од ПОА во Бугарија) може да го читните тука. Потоа, споредете го тоа со подолу цитираното (пренесено и превземено од ТВ Сител на ден 22.03.2007).

Извадок од веб сајтот на ТВ Сител :

…Зошто некогашните монахињи на МПЦ, по три години го напуштаат Јован засега нема официјално одбиваат да соопштат. Единствено за Сител, Митрополитот Домитијан потврди дека позитивно ќе одговори на нивното барање. Сепак тој тврди дека не станува збор за никаков канонски прием во Бргарската православна црква, туку едноставно им обезбедува прибежиште на извесно време.
- Не бараат да преминат во Бугарската Православна Црква, туку едноставно да поминат извесно време овде, бидејќи имале потешкотии онаму каде што сега живеат. Тие повеќе од три месеци не можат да останат, поради процедурите. Едноставно ќе бидат примени да се успокојат, да си ја работат својата работа и повторно да се вратат кога ќе го стредат својот статус во Скопје – изјави Видинскиот митрополит на БПЦ, г.Домитијан.

Заклучок:

Иако, некогаш приморани, нашите медиуми да пренесат нешто во вистинита форма (фала Богу), немож, а да не прават мачканици. Имено, јас лично ги следев тие вести, и г. Домитијан, чисто и јасно се разбираше кога кажа (парафразирам) „Не става въпрос за канонски отпуст. Просто търсят прибежище, и ще останат в България в продължение от 3 месеца, докато си решат проблема и след това ще се върнат в Скопйе“. Значи? Дали оваа изјава (макар и парафразирана, но смислата е таа) остава простор за останати манипулации или пак само се потврдува фактот дека единствена „турбоработеща“ фабрика кај нас е таа за новинари?

Излажав во мојот предходен текст, со тони, а не новинари на кило. А ако ги прашате, зашто лажат? Оти така им чини!

Бугарија vs Пиратите

•March 20, 2007 • 1 Comment

Ајмо, новинари на кило!

•March 20, 2007 • 1 Comment

rpc

Листајќи го дневникот ВРЕМЕ, ми падна во очи еден новинарски текст (директен линк), интервју, со расколничкиот владика Тимотеј. Не е битно кој го правел интервјуто, имиња не се битни, веројатно се разбудил едно утро и решил да стане новинар. Воопшто не подготвен на темата, Новинарот, поставува, најверојатно, предходно договорени прашања, за да не го фати во тесно г. Тимотеј. Ако е професионалец, доволно би било, предходно да прелиста по интернет, за посетата на делегацијата на расколничката МПЦ во Цариград, да провери реакции, одговори и тако даље, за да знае како да ја извлече вистината (очигледно сака да си ја кажат нивната „вистина“). Една мала дигресија: Не треба зборот „расколничка“ да им е навредлив, штом и самите бараат признавање, јасно им е дека се во раскол.

Имено, ме зачуди информацијата пренесена кај нас, дека во Цариград се согласиле со ставовите на МП„Ц“, па решив да разбуричкам по све и сваштава на интернет, И оп! Ете J не се намачив многу. Информација од официјалниот сајт на Руската Православна Црква, баш каде што планираат наредно да одат да лобираат. Каде ќе одат? Имаат ли воопшто абер? Да, знаат. Ама исто така знаат дека кога ќе се вратат, нивните колеги од тајните служби, инфилтрирани како уредници, ќе им ја „наредат“ како што им одговара. А ставот на РПЦ? Тие ја знаат вистината за МП„Ц“.

http://www.patriarchia.ru/db/text/205103.html

Преведена форма:

На неодамнешната средба со претставниците на самопрогласената „Македонска Црква“ Патријархот Вартоломеј во потполност ја поддржал позицијата на Српскиот Патријархат

Како што веќе беше соопштено, на 21 Февруари Патријархот Константинополски Вартоломеј прими делегација на самопрогласената „Македонска Црква“.

На средбата, одржана по барање на македонската страна, Предстојателот на Константинополската Црква во потполност ја поддржал позицијата на Српскиот Патријархат, пренесува агенцијата RNN.

Тој особено нагласил дека таканаречената „Автокефална Црква“ на бившата југословенска република Македонија не може да биде прифатена како канонска Православна Црква, а исто така, укажал и на невозможноста за прифаќање на називот „Македонска“ во врска со спомнатата јуриздикција.

Овие проблеми веќе добро се познати, кажал Вартоломеј, обраќајќи се кон членовите на делегацијата. Како што е соопштено, Патријархот со суров тон ги прашал македонските претставници дали се тие ополномоштени да истапат со какви било нови предлози.

Непризнатата во Православниот свет „Македонска Црква“ ја претставувале митрополитот Тимотеј, епископот Наум и архимандритот Порфириј.

 

Напред наши!

•March 18, 2007 • Leave a Comment

 

footbalfans.jpgfootbalfans.jpgfootbalfans.jpg

Колку што јас можам да си спомнам, дури и во основно школо, дури и на спортски натпревари, кога сме го бодреле нашето школо, не навивавме со НАПРЕД НАШИ! ; уште тогаш беше актуелна гасната комора за противниците, па пцовки, па навреди… замисли во основно. На национални спортски натпревари, македонскиот дел од навивачите, во истата гасна комора сакаат да ги стават и „шиптарите“ кои дури и не ги нарекуваме албанци, макар што ни се комшии, пријатели, пријатели на пријатели, партнери и т.н. А самите ние се буниме зашто специјалците од грчката војска пеела навредливи песни за нас, исполнета со најбрутални закани…. Бреј! Значи како се врти капата кога газот ти е загрозен… а и пази, не било кои, ами војската, која за да се стимулира да убива безмилостно, око да не им трепне, очекуваме да пее песни од грчкото „златно славејче“ или пак НАПРЕД НАШИ! ; Па луѓе војска е тоа, мора да се стимулира некако самата, а како поинаку ако не со националистички теми, за кои и не сме и ние баш за фалење.

Да не е новина што грците не изјавуваат симпатии кон нас? Нешто ново е тоа, со кое баш не изневерија и не изненадија. Па која почит би можеле да ни ја покажат, кога ние најмалку сме покажале достоинство, а и ние самите си се потценуваме, а сакаме друг да не цени. Можеби со тоа што името и знамето им го продадовме (каде беа тука интелектуалците, студентите, академиците, синдикатите, ПАТРИОТИТЕ) ? А денес, поради нископрофилни, малограѓански пцовко-пеења, нашите национал-патриотски чувства се длабоко навредени и згрозени.

Усти што само лаат! Тоа е критичката маса кај нас. И повторно, ќе мине недела-две, ќе се заташка работата, ќе се скрие тој скандал позади вестите за ново поскапување на воздухот, бла бла бла, ќе нема македончето излез од гомната кои веќе ја надфрлуваат и гушата и пак ќе затропа на портите од грчката амбасада и конзулство и повторно ќе бере маслинки и портокали отаде јужната граница.

И нас утре некој ќе не гледа со сериозни очи и ќе се воздржи да не се згази од смеење? Па ако земеме обичен пример од секојдневниот (дневно-политички) живот кај нас (дневно-политички, затоа што кај нас постои феноменот на нераскинлива врска на поимите живот и политика) ќе видиме дека најпрво од внатре не јаде црвот. Па очи вадат фактите колку тоа мист`р антачиб`л е виновен за укотвувањето на Македонија на оваа позиција, кој и упорно не носи среде септичка јама и ни вика, не бе цврсто тло е. А тој мист`р, фала на прашање (што би рекле во „Фокус“) се одзвива на Бранко Црвенковски.

Па, доколку има некој уши, нека чуе! Нас на обичните смртници, ни останува само да си се држиме за топки и да кажеме НАПРЕД НАШИ!

Нашето бъдеще :)

•March 17, 2007 • 3 Comments

Првоначалната замисла на този текст беше да проверя как ще изглежда когато е написан на български език, и понеже поголямата част от македонците са познати като българофоби, ще ги напишат своите блюваници дето им идват в момента :) Ах какава оригинална идея, просто немога да си повярвам, колко ми се спи в момента и ве;е не зная какво пиша. С други думи казано, заглавието няма нищо общто с текста.. приятни мигове пожелява ви, мистър ШЛАЙФка

Аљо Зоки!

•March 17, 2007 • Leave a Comment

Што е ова, помини замини невлези.. Ти, да баш ти сега што читаш, абе земи пиши коментар, пцуј, што да е.. јас знам дека молчењето е злто, ова не се број, ова е пишување:):):):) АЈТ!