Медиумско искривување!

stateDep

 

    Нашите медиуми, во врска со извештајот на U.S. Department of State за Македонија, за 2006 година, изјавија дека во извештајот се говори само за Ромите. Оваа дезинформација можат слободно да ја проверат нашите блогери, интелектуалци, студенти или воопшто критичката маса (која впрочем кај нас и не постои) на интернет, со едноставно пребарување преку yahoo, google, или кој и да е пребарувач, како и на официјалната веб страна на U.S. Department of State (директен линк до извештајот). За оние кои не им се занимава со тоа, еве го подолу текстот, кој намерно е цензуриран од медиумите, кој е од голема важност за нашето евроатланско интегрирање, преведен изџвакан, абе милина, уште да го голтнеш. Бујрум:

Во Ноември 2005 год., Врховниот Суд ја отфрли жалбата на „Православната Охридска Архиепископија“, поврзана со Српската Православна Црква, во однос на одлука на Државната комисија од Ноември 2004 год., за одбивање на нејзината регистрација. Одлуката на Комисијата беше базирана на закон, кој дозволува само една религиозна заедница да биде регистрирана за поединечна вероисповед; Македонската Православна Црква е регистрирана како верска заедница уште од независноста на државата.

Законот изискува некоја група да добие владино „мислење“ за да би можела да добие дозвола за изградба на религиозен објект. Меѓутоа, претходни судски одлуки, коишто ги ограничуваат овластувањата на Владата да издава такви мислења, на дело им попречија на религиозни групи да се здобијат со градежна дозвола за богослужбени објекти

Иако не е потребно да се има дозвола или одобрување за извршување на религиозни обреди во приватен дом, членови на „Православната Охридска Архиепископија“ известија дека полицијата во Април 2005 год., прекинала верска служба во приватен стан во Драчево и побарала од верниците да се легитимираат.

На 8-ми Август, Зоран Вранишковски, разрешен епископ на Македонската Православна Црква, сега признат од страна на „Православната Охридска Архиепископија“ како Епископ Јован, се врати во затвор на издржување на едногодишна затворска казна за проневера. Обвинението произлегува од осуда во Септември 2005 год., од страна на Велешкиот суд. Казната беше намалена од две на една година од страна на Апелациониот суд во Март. Вранишковски беше ослободен од Велешкиот суд во врска со различно обвинение за проневера на 3-ти Април. Вранишковски беше ослободен од затвор во Март откако има одлежано седум месеци од 18-месечната затворска казна за засебна осуда за „разгорување на верска и етничка омраза“. Одлука на Врховниот Суд во Февруари ја има намалено казната точно до траењето на одлежаниот дел и ја отповика осудителната пресуда за „самовластие“. 18-месечната казна беше базирана врз обвиненија дека Вранишковски одржувал приватни религиозни служби во единство со Српската Православна Црква и дека тој бил одговорен за содржината на верски календар, во којшто Македонската Православна Црква е наречена „последен бастион на комунизмот“, а нејзините верници – еретици. Условна, пак, казна резултираше по обвинувањата дека Вранишковски наводно крстил роднина во Македонска Православна црква близу Битола во 2003 год., откако тој бил разрешен од страна на Македонската Православна Црква.

Законот бара странци, коишто влегуваат во земјата со намера да вршат религиозна активност или да извршуваат верски обреди, да добијат одобрување од Државната Комисија за Односи со Верски Заедници и Групи. Кога аплицираат за виза, лицата што планираат да вршат религиозна активност мораат да поднесат писмена покана од претставници на регистрирана религиозна група во земјата до Комисијата, којашто тогаш издава писмено одобрение, кое се поднесува заедно со барањето за виза. Одобренијата нормално се издаваат за една седмица.

 

Advertisements

~ од мистер ШЛАЈФка на Март 10, 2007.

2 Responses to “Медиумско искривување!”

  1. Главата горе…рацете меѓу ноги…и само храбро братец!

  2. Интересный блог, могу предложить обмен постовыми.

    здесь видел ет gamebulletin.ru

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

 
%d bloggers like this: