(дноел ФНМ – турбо инџекшн) Оти така ми чини!

Размислував, што кај нас работи како што треба. Па, собирањето на „релевантни“ инвормации од „релевантни“ медиуми, како печатени така и телевизиски, дојдов до заклучок дека една фабрика работи со турбо инџекшн. дноел ФНМ (друштво со никаква одговорност на едно лице Фабрика за Новинари на Македонија). За да не се остава простор за бајрам со умот, директор, покровител, управител и т.н. е Б.Ц. A зошто со никаква одговорност?! Е тука треба да си тотален промашај, да го прашаш тоа.

Имено, повторно на мета се „одметнатите“ монаси, монахињи и самиот Архиепископ на ПОА, г. г. Јован, кој впрочем одлежува по втор пат едногодишна казна затвор, за делото: „евентуална помисла за затајување на пари“. Еве да ја занемариме темата дека Архиепископот е во затвор, ајде нека да биде термиот „одметнатите“. Па денес сме сведоци дека цела интелектуала ни се одселува од државава (со извинение на тие што останаа во Македонија, кои впрочем се „деланки од шумата“- одпадоци од здравите стебла на интелектот кај нас). Зашто тие не се одметнати и не се предавници? Па нормално како тие така и монасите и монахињите, сватиле дека ако сами не си превземат во раце (младината и интелектуалците за свое егзистенционално добро, а монасите за доброто на Црквата, и за единство со севкупната Православна Екумена), тука никој не го боли уво и само ќе си останат на „Што би било ако би било?“. Дали РАС (расколничкиот архиерејски синод) на МП„Ц“ до сега сослужувала со клирици од другите Православни Цркви во светот? Не, а зашто би? Не сакаат да ги изневерат Властите во Македонија (уште од поодамна коа беа другари), они се договорени, сите за еден, еден за сите. Како може МП„Ц“ да излезат од изолацијата, а другиве да останат? Има нека тајна веза. Нема везе, кој сака да види, многу јасно се гледа, него, јас сакав да пишам за фабрикава.

Е тука, во таа фабрика, сиработи еден нечовек, чии иницијали се погоре наведени (не би ги пишел пак зашто ми го грди текстов). Тој нечовек, има никаква одговорност, и е заслужен за издебилизираноста на земјава. Самиот он, (замисл, самиот) си направи машина, на која притиска само едно копче и оп, од другата страна на машината излегува новинар.

Една група од таквите произведенија, или измишљотини, здружени во дневникот „Утрински“ си напишале како што им чини на нивниот ум. Имен,текстот (за привремениот престој на група монахињи од ПОА во Бугарија) може да го читните тука. Потоа, споредете го тоа со подолу цитираното (пренесено и превземено од ТВ Сител на ден 22.03.2007).

Извадок од веб сајтот на ТВ Сител :

…Зошто некогашните монахињи на МПЦ, по три години го напуштаат Јован засега нема официјално одбиваат да соопштат. Единствено за Сител, Митрополитот Домитијан потврди дека позитивно ќе одговори на нивното барање. Сепак тој тврди дека не станува збор за никаков канонски прием во Бргарската православна црква, туку едноставно им обезбедува прибежиште на извесно време.
– Не бараат да преминат во Бугарската Православна Црква, туку едноставно да поминат извесно време овде, бидејќи имале потешкотии онаму каде што сега живеат. Тие повеќе од три месеци не можат да останат, поради процедурите. Едноставно ќе бидат примени да се успокојат, да си ја работат својата работа и повторно да се вратат кога ќе го стредат својот статус во Скопје – изјави Видинскиот митрополит на БПЦ, г.Домитијан.

Заклучок:

Иако, некогаш приморани, нашите медиуми да пренесат нешто во вистинита форма (фала Богу), немож, а да не прават мачканици. Имено, јас лично ги следев тие вести, и г. Домитијан, чисто и јасно се разбираше кога кажа (парафразирам) „Не става въпрос за канонски отпуст. Просто търсят прибежище, и ще останат в България в продължение от 3 месеца, докато си решат проблема и след това ще се върнат в Скопйе“. Значи? Дали оваа изјава (макар и парафразирана, но смислата е таа) остава простор за останати манипулации или пак само се потврдува фактот дека единствена „турбоработеща“ фабрика кај нас е таа за новинари?

Излажав во мојот предходен текст, со тони, а не новинари на кило. А ако ги прашате, зашто лажат? Оти така им чини!

Advertisements

~ од мистер ШЛАЈФка на Март 22, 2007.

2 Responses to “(дноел ФНМ – турбо инџекшн) Оти така ми чини!”

  1. Во англија на новинарите им прпа од тоа некоја информација да не е поткрепена со факти, зошто можат да бидат тужени за клевета. Време е и во македонија свеста да порасне на тоа ниво.
    Сега за сега новинарите создаваат свои светови пишувајќи свои сценарија.

  2. Во Англија на новинарите им прпа од тоа некоја информација да не е поткрепена со факти, зошто можат да бидат тужени за клевета. Време е и во македонија свеста да порасне на тоа ниво.
    Сега за сега новинарите создаваат свои светови пишувајќи свои сценарија.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

 
%d bloggers like this: