М„ПЦ“s adventures-превземено

Расколничката МПЦ
ќе го суди Архиепископот г. г. Јован на Велики четврток

 

Дали постои некаква символика во тоа што судењето на Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г. г. Јован за кривично дело „затајување“, за кое беше ослободен од Основниот суд во Велес, а Апелациониот суд во Скопје го врати на повторно судење, е закажано за 05-ти Април 2007 год., односно на Велики четврток?

По барање на расколничката организација, која се самонарекува МПЦ, почнувајќи од 2003 год., па се досега, власта прави политички прогони врз Архиепископот г. г. Јован. Како резултат на тие политички прогони тој е веќе двапати затворан. На последното судење, на кое беше обвинет дека затаил цели црковни буџети во период од четири години, беше ослободен од судот во Велес, но по жалба на Јавниот обвинител, Апелациониот суд во Скопје го врати делото на повторно судење. Судот во Велес го закажа судењето токму на Велики четврток. Со какво лице ќе дојдат тужителите, расколничката МПЦ, да го судат Архиепископот г. г. Јован на Велики четврток?

Во продолжение го поставуваме Завршниот збор што Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г. г. Јован го даде пред судот во Велес минатата година по истото обвинение.

 

::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::

 

К. бр. 86/04 – во Основниот суд во Велес

 

ЗАВРШЕН ЗБОР
на Архиепископ охридски и Митрополит скопски г.г. Јован
на судењето за кривичното дело „затајување“ по чл. 239 ст. 4 в.в.ст. 1 в.в.чл. 45 од Кривичниот законик

 

Почитуван претседателе на судскиот совет,
Ќе се потрудам да бидам многу краток и тоа од три причини, иако обвинението со кое се теретам е многу опширно.

Прво, затоа што во исказот кој судот ми дозволи да го дадам бев доволно опширен и мислам дека ги одговорив сите аспекти од обвинението, второ затоа што доказната постапка докажа дека обвинението е потполно неосновано и трето, а можеби и најважно што во политичките процеси колку повеќе зборуваш тоа е повеќе на твоја штета. Тоа добро го испробав, низ неколку политички процеси кои власта ми ги конструира и овој пат решив барем да не си трошам зборови.

Тоа дека и овој судски процес е конструиран за политичка пресметка со мене мислам дека ниту се крие, ниту оној кој го конструирал, а тоа е власта сака да има конспиративност.

Прво Управата за Безбедност и Контраразузнавање ми ја запали куќата, потоа дојде јавната безбедност и она што не беше изгорено го заплени. И тоа ги заплени токму документите и архивите за овој судски процес, а никогаш потоа не ги врати. Кога овој суд побара доказ дали полицијата ми ги вратила запленетите материјали, добивте одговор дека ми ги вратиле, ама не направиле записник за тоа. Дали е тоа можно, навистина да ги вратиле, а да немаат записник за тоа, судот нека цени, но кај мене ќе остане сомнеж дека тоа е направено во соработка со јавното обвинителство за да ги оневозможат да се прикажат моите докази. Во нормални услови и во правна држава, само овој непобитен факт, дека полицијата ми ги одзела клучните документи за процесов е доволен за ослободителна пресуда, но во овие наши услови …

Ќе бидам искрен, давајќи одбрана за делото за кое сум обвинет се чувствував многу бедно. Не затоа што сум горд, или за тоа што не сакам да дадам отчет, туку затоа што судејќи ме мене за затајување се суди целата Црква, дури некои нејзини високи управители и да не се свесни за тоа. И тоа не се суди Црквата внатре во Црквата, туку се суди пред сите јавно.

Потешко значи ми е тоа отколку директно без процес да бев осуден. И вака и така, јас веќе навикнат на живот во затвор. Така немаше да падне сомнеж на Црквата. Немаше да падне сомнеж дали е можно ова за кое сум обвинет да го правел само еден од осумте владици во МПЦ. Но, за срамот кои го нанесоа на Црквата нека мислат оние кои дадоа предлог за гонење, а тоа е МПЦ, при тоа свесни дека црковните канони забрануваат свештени лица да се судат во граѓански судови.

Но, ако оние кои го дадоа предлогот не се вични ниту во црковното, ниту во кривичното право, требаше малку повеќе доблест да има јавниот обвинител и да не подига обвинение, особено затоа што истрагата и вештачењето дадоа цврсти докази дека во овој случај нема кривично дело. Во почетокот на овој судски процес, јас и напишав едно остро пимо на јавнот обвинител во кое ја укорив за тоа што превзема и противзаконски и противуставни дејства влегувајќи во работата на верските заедници кои според устав се одвоени од државата, а со тоа државата или било која државна институција нема право да им врши финансиска контрола.

Како минува времето гледам дека малку сум избрзал, зашто после моето затворање се докажа дека јавниот обвинител всушност само се појавува на судењето, можеби и без тоа да го сака, ама мене ме гони државата и тоа од највисоко ниво, од претседателот на државата г–динот Бранко Црвенковски кој јавно кажа дека Охридска Архиепископија на која сум Архиепископ ќе ја уништела МПЦ и затоа на секој начин требало да се спречи нејзиното постоење.

Така, за да се заштити МПЦ, државата отвори неколку судски спорови против мене. Веќе ме сместија во затвор и мислат дека со продолжени судења кои ги најавуваат, нас ќе нè истоштат, истовремено ќе нè казнат, а МПЦ среќно ќе си живее.

За да се оствари кривичното дело за кое сум обвинет потребно е некој да ми доверил некои средства или предмет и јас да сум ги задржал со нив да располагам или пак сум му ги дал на некој друг тој да ги употребува. Самиот факт што ниту во обвинителниот акт, ниту во доказната постапка се утврди што е тоа што ми било доверено, а јас сум го затаил, е основа судот да утврди дека нема кривично дело и да донесе ослободителна пресуда. Од друга страна, дури и летимичен поглед на обвинителниот акт дава впечаток дека е подигнат за друго кривично дело: „злоупотреба на службената положба и овластувања”, а не за кривично дело „затајување”. За да не испадне дека иако сум обвинет за затајување, судот да ме суди за злоупотреба, или како медиумите тоа го нарекуваат малверзации, би замолил да се има во предвид тоа дека одлуките на верските заедници, според чл. 14 од Законот за верски заедници и религиозни групи не произведуваат дејства надвор од самите заедници. Тоа значи дека се нелигитимни во правниот промет. Со други зборови, одлуките кои ги носела Црквата, нејзините тела и органи, а нејзино тело е и самата служба на Митрополитот не предизвикуваат дејство ниту пред овој суд. Дали некои тела и органи во Црквата вршеле пренамена на средства и претурале од еден фонд во друг, не може и не смее да биде од интерес на судот. Тоа е внатрешна црковна работа, иако како што вештачењето и самата доказна постапка покажа, за сите поголеми суми одлучувал Епархискиот Управен Одбор, а за она што не одлучувал дал позитивно мислење кога се усвојувала завршната сметка.

Бидејќи судскиов процес е јавен, а средствата за информирање вршеа огромен притисок преку јавноста, нека ми биде дозволено да го кажам и следново:

Судот го отстрани од можност да го следи процесот Епископот Марко дремвицки затоа што оцени дека со некоја негова изјава правел притисок врз судот. Но, не отстрани ниту еден од претставниците на средствата за информирање затоа што со своите груби лаги вршеа не еднократен туку континуиран притисок врз судот.

Не е ли притисок за судот и не требаше ли претставниците од средствата за информирање да бидат опоменети дека вршат притисок врз судот со тоа што изјавуваа дека сумата која е предмет на затајувањето е 550 000 €. Сега, кога процесот завршува и кога е многу лесно да се утврди дека сите средства од буџетите кои се споменуваа во обвинението не се повеќе од 200 000 €, треба да чувствуваат срам оние кои намерно сакаа да направат лажна слика. Имено, дури и да усвоеја сума од 200 000 € како предмет на затајувањето, пак ќе беше нереално, зашто во тој случај како за ништо друго не се трошеле средствата: ниту се исплаќало плати, ниту патни трошоци имало, ниту се одржувале објектите, ниту канцелариски материјал се купувало, единствено испаѓа како некој само да внесувал средства, а јас само да сум ги затајувал.

Ќе завршам со тоа дека не само што не се чувстувам виновен за кривичното дело за кое сум обвинет, туку сметам дека целата доказна постапка покажа дека не сум направил кривично дело затајување. Се надевам дека судот правилно ќе ги цени фактите, не под притисок на политиката и средствата за информирање.

Затоа, согласен во сè со мојот бранител, барам судот да го одбие обвинителниот акт, како акт подигнат од неовластен тужител, а во колку тоа не го усвои да донесе ослободителна пресуда бидејќи не е остварено дејството на кривичното дело за кое се теретам.
30 март 2006г.

превземено од http://www.poa-info.org

Advertisements

~ од мистер ШЛАЈФка на Март 31, 2007.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

 
%d bloggers like this: