Писмо Младина на ПОА до г. Владо Бучковски

Во целост го пренесувам писмото превземено од официјалниот сајт на ПОА кое е испратено од Младината на Православна Охридска Архиепископија до г. Владо Бучковски.

 

 

Писмо до Поранешниот Претседател на Владата на Р. Македонија г. Владо Бучковски

До:
Поранешниот Претседател на Владата на Р. Македонија
г. Владо Бучковски

Скопје, 6ти Август 2007

Почитуван г. Бучковски, поранешен Претседателе на Владата на Р. Македонија,

Ви пишуваме од името на Младината на Православната Охридска Архиепископија, а по повод најновите настани околу последната кривична пријава против Вас и одземањето на пратеничкиот имунитет.

Да бидеме искрени, тоа што се случуваше со Вас последниве неколку денови го доживеавме потресно. Од една страна затоа што падна како срам за сите, кои си ја љубат татковината, бидејќи таа – Р. Македонија, сеуште се промовира како варварска држава, но од друга страна сето тоа го доживеавме и како болно потсетување на она што токму во времето на Вашето владеење ни се случуваше нам, на припадниците на Охридската Архиепископија.

Срамно е до бескрај бившиот Претседател на Владата да биде омаловажуван на граничните премини и како што Вие изјавувате: задржан од полицијата цели 15 минути. Но, уште посрамно е што токму во времето на Вашето владеење Архиепископот на Охридската Архиепископија, г.г. Јован, не само што со часови беше задржуван на граничните премини во Македонија, туку после политичка пресуда беше ставен во затвор. Слушаме, денес, велите дека штом тоа Вам Ви го прават тогаш што ли им прават на другите граѓани во Р. Македонија? Тоа прашање го постави Неговото Блаженство Архиепископот г.г. Јован пред пет години, токму тогаш кога Вие бевте на власт, а нему му правеа и му прават многу, многу полошо отколку што Ви прават Вам, но тогаш Вие молчевте.

Денес, кога Вам Ви се прави неправда, ние Ве сожалуваме, но се чудиме како тоа, токму од денес: „Р. Македонија не е правна држава, туку политичка”, како тоа од денес: „Во Р. Македонија грубо се кршат човековите права и демократијата”, како тоа, токму од денес: „Р. Македонија е циркус држава”, како што изјавувате Вие или Вашите сопартијци, а вчера, кога Вие бевте на власт и истото му го правевте не само на Архиепископот г.г. Јован, туку и на другите припадници на Охридската Архиепископија, Р. Македонија беше правна држава, беше демократска и според Вашите зборови, пристојно место за живеење?!

Во времето на владеењето на Вашата партија, г. Бучковски, насред зима, полицијата ги истера голораките монаси и монахињи од манастирите само затоа што пристапија кон Охридската Архиепископија. Во време кога г. Црвенковски беше Претседател на Владата, г. Хари Костов Министер за внатрешни работи, а Вие Министер за одбрана, платеници на службата за Државна безбедност и контраразузнавање, мизерно, гнасно и злосторнички влегоа во манастирот „Свети Јован Златоуст“ со намера да направат атентат врз Архиепископот г.г. Јован. Лути што не го најдоа, им ги стрижеа косите на монахињите и го запалија конакот. Виновниците, секако, никој никогаш не ги пронајде, но историјата запиша дека тоа се случи во време кога и Вие учествувавте во таквата тиранска власт. Мал е изговорот ако се рече дека тоа го замеша несудениот цар на Македонија, најголемиот тоталитарист во нејзината историја, г. Бранко Црвенковски.

Со ова немаме желба да Ве судиме. Судот е во Божји раце. Тој ги осуди и Нерон, и Јулијан Отстапник. А, историјата на Црквата само забележа, како што впрочем и сега ќе забележи, дека постоеше еден Претседател на Владата на Р. Македонија, кој бараше да му се почитуваат неговите човекови права, што е сосем добро, но тој не ги почитуваше правата на припадниците на Охридската Архиепископија.

Простете на дрскоста, но многу смешно звучи кога денес, со претензија да бидат оригинални, ги повторувате зборовите што Неговото Блаженство Архиепископот г.г. Јован ги кажуваше уште пред цели пет години. Дискредитирањето, судењата и затворањата на Архиепископот, навистина беа политички, а за да се оценат од каква природа се непријатностите кои Вие ги доживувате, треба да помине уште време. Пред пет години, Архиепископот г.г. Јован ја предупреди сета јавност дека штом него му го правите тоа (а, да не заборавиме дека токму тогаш Вашата партија беше на власт), него, којшто како што е општо познато ја имаше подршката од целиот свет, тогаш колку полесно е да испратите на нов Голи Оток некој, кој нема таква подршка?

Веројатно сега Ви е тешко, за тоа ја имате нашата сострадателност, веројатно Ви е мачно, и за тоа Ве сожалуваме, но немојте само да се вбројувате во жртвите на борбата за човекови права во Р. Македонија. Таа борба е веќе добиена со жртвата на Архиепископот г.г. Јован. Простете, но секое страдање за човекови права после неговото, особено од луѓето коишто и самите биле креатори на политичките судски процеси во, наречи ја „демократската, правна држава” Р. Македонија, ќе прилега на комедија.

За крај, искрено сакаме Господ да Ве утеши, но да не заборавиме дека е невозможно да се утеши оној кој другите не ги теши, невозможно е да добие милост, оној кој со другите не е милостив, конечно, невозможно е некој да добие човекови права, ако не е подготвен тие права да ги подели со другите.

Со должна почит,

Овластен од Младината на
Православната Охридска Архиепиксопија
Божидар Барлакоски
Пере Темелковски 14
Прилеп

Advertisements

~ од мистер ШЛАЈФка на Август 7, 2007.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

 
%d bloggers like this: