Колумна Малоумна!

Наведениов текст е превземен од он.нет, кои пак го превзеле од Време (пречкртувам и не ставам линк зашто се гомнари, штом можат да го објават ова), дневниот весник. Колумната на професор доктор Владо Бучковски, по повод загинувањето на Тоше Проевски ( Бог да го прости, да прости на душата на Тоше, и на Бучковски за крајно малоумниот текст). Бујрум:

Си замина нашиот цар

Проф. д-р Владо Бучковски

Си замина Тоше, останавме без нашиот некрунисан Цар. Си замина во легендите…
Секоја негова песна, секој негов настап бликаше со неверојатна сила, енергија и верба во животот… Македонија достоинствено се прости од него. Требаше да се има голема доблест и разум да не се злоупотреби Тоше во политички цели… Најдоброто од Македонија… да остане наш, на сите нас! Тоше си замина, ние ќе продолжиме да живееме со нашите проблеми, со нашата реалност…
Во оваа наша реалност посебно место има улогата на нашето МВР. Тоа работи „во согласност со Уставот и законите“, што би рекла министерката Јанкуловска, односно работи „според духот на правото што не го разбира СДСМ“. Жална е Македонија кога има вакви министри. Министри што не признаваат дека нивните подредени тепаат деца, дипломати, новинари… Министри што се партиски војници. Да видиме како тоа МВР работи „во согласност со Уставот и законите“. Партизацијата на МВР и отсуството на демократска (цивилна) контрола на полицијата се најголемите манифестирани слабости во овој сектор во изминатите 16 месеци на владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Тепањето дипломати (случајот „Тренд“), тепањето деца (случајот „Процес“), тепањето новинари-сниматели (случајот „Алсат“) за кои пишував неодамна, се најконтроверзните случаи во овој период, каде што до израз дојде партизацијата на МВР. Од друга страна, пак, најкарактеристичните случаи на отсуство на демократска контрола на полицијата беа неуспешната полициска операција во Ваксинце, кога загина командирот на полициската станица во Матејче а беа убиени и ранети уште неколку цивили и полицајци и појавата на десетици „тешко“ вооружени припадници на МВР пред парламентот во цивил на 25 септември оваа година по немилите настани во Собранието. Официјално, таму биле припадниците на „алфите“. Морам да констатирам дека ним таму не им беше местото. „Алфите“, кои се формираа во 2005 година, требаше да бидат „флуктирачка“ или „ад хок“-единица, која повремено и привремено ќе се регрутира од редовните полицајци за справување со уличниот криминал. Таков барем беше концептот на министерот Љубомир Михајловски-Џанго, кој ја промовира оваа „ад хок“-единица. Сето она што во меѓувреме се случува со оваа единица, а особено со регрутацијата на постојани а не повремени припадници, и дава белег на формација што се злоупотребува за политички цели. Третиот крупен белег на функционирањето на МВР во изминатите 16 месеци е однесувањето на нејзиниот портпарол. Најголемите бисери беа неговите коментари за моето задржување на граничниот премин Богородица на 1 август оваа година и обидот за мое спектакуларно апсење, како и серијата закани упатени кон колегата-пратеник Јани Макрадули за отворањето на скандалот за хотелската „Окта“. Јас се обидов да реагирам легалистички и упатив две претставки до МВР, т.е. Секторот за внатрешни работи и професионални стандарди; едната за обидот за противправно лишување од слобода на граничниот премин Богородица на 1 август оваа година и, втората, за изјавата на портпаролот на МВР на 9 август оваа година. Епилогот за првата претставка и е познат на македонската јавност. Според Секторот за внатрешни работи и професионални стандарди, на 1 август оваа година јас сум бил задржан на граничниот премин Богородица за да бидам „почестен со кафе и сок“, а не за да бидам уапсен. Незадоволен од одговорот, по препорака на народниот правобранител, поднесов кривична пријава против командирот на полициската станица во Богородица за противправно лишување од слобода. Се надевам, кога тогаш, ќе се докаже кој ја издал наредбата. Втората претставка има уште почуден епилог. Во неа јас реагирав на одговорот на портпаролот на МВР даден на прес-конференција, каде што на прашање на новинар да го коментира моето задржување на граничниот премин, портпаролот одговори дека „МВР не сака и нема намера да навлегува во полемика со лица што се појавуваат во крим-евиденцијата како сторители на тешки кривични дела и против кои се води судска постапка“. Јас реагирав на повредата на уставното начело на пресумпцијата на невиност – „секој е невин се додека не се докаже спротивното со правосилна судска одлука“. Реагирав затоа што со вакви изјави се влијае врз судските органи во текот на постапката. Го добив следниот официјален одговор од Секторот за внатрешни работи и професионални стандарди: „Ве известуваме дека се уште не се извршени потребните проверки и разговори со Котевски по Вашата претставка, поради негова отсутност од МВР. За исходот од Вашата претставка ќе бидете благовремено известени“. Претставката ја упатив на 8 август, одговорот го добив на 10 септември… до ден-денес се уште чекам портпаролот да биде „присутен“ во МВР… Вака работи нашето МВР „во согласност со Уставот и законите“. За жал, тоа е нашата реалност…
П.С. Јас имав привилегија да другарувам со Тоше… му помагав секогаш кога можев… и тогаш кога му беше најтешко, кога разочаран од неговиот статус во Македонија сакаше да си замине во Англија… Којзнае дали ќе ја избегнеше судбината доколку беше на островот… Или од пишаното не се бега. Почивај во мир Тошка и вечна ти слава.

Авторот е пратеник

 

Полниот текст со енормно многу коментари тука.

Advertisements

~ од мистер ШЛАЈФка на Октомври 20, 2007.

One Response to “Колумна Малоумна!”

  1. А если посмотреть на это с другой точки зрения то не все так гладко получается

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

 
%d bloggers like this: