Вистината за положбата на Црквата во Македонија

10 прашања за тие кои не се плашат да ја знаат вистината

Само факти

1.Што е православната Црква?

Свт. Николај Охридски, «Катехизис на Православната Црква»:

Црквата Христова е една, света, вселенска и апостолска. Таа претставува едно духовно тело, чија глава е Иисус Христос, со едниот Дух Свети, кој пребива во Неа. Независноста на помесните Цркви, т.е. органите на едната Вселенска Црква, се изразува во употребата на јазикот на својот народ или во некои внатрешни разлики, кои се потчинети на канонските правила.Со други зборови, тие цркви во суштина се членови на Едното тело на Вселенската Црква, и тие како гранки на едно дрво се хранат од едниот корен и од едните и заеднички сокови.

Црквата се вика Вселенска затоа што не се ограничува ниту на место ниту на време, ни на народ, ни пак на јазик.Таа се однесува на целото човештво. Уште се вика Вселенска и затоа што, во себе ги вклучува целата Вистина и сите средства потребни за спасение на секоја човечка душа во светот.

Делови на Едната Вселенска Црква се, Константинополската, Иерусалимската Александриската, Антиохиската, Руската, Кипарската, Грчката, Српската, Бугарската, Романската Грузиската, Албанската, Полската, Чешките земји и Словачка, и Американската.

Архиереи на Српската Православна Црква биле митрополит охридски Доситеј и епископ Наум. Тие биле ракоположени од српскиот патријархат, и од него примиле титули. И покрај тоа самоволно во 1967 г. се одрекле од него престанувајќи да го спомнуваат името на Српскиот Патријарх, и со тоа направиле канонски престап и обазувале раскол. Еве што велат каноните на Православната Црква за такви случаеви:

15 правило на Прво-вториот собор 861 г.:

Ако презвитер или епископ или митрополит, се дрзне да одстапи од општење со својот Патријарх, и не го спомнува неговото име, по определениот и востановлениот чин, во божественото тајнодејствие, но… прави раскол: на таквиот светиот соборму одредува да биде потполно одстранет од секакво свештенство.

на тој начин во Македонија во 1967 г. Црквата била одделена од Вселенската Црква додека во 2002 г. митрополитот Велески и Повардарски Јован се врати во канонска заедница со Српскиот Патријарх, а преку него – со целата Вселенска Православна Црква .

2. Има ли за тоа потврди од страна на поглавари од други Православни Цркви?

Константинополски патриарх Вартоломеј I:

«… стремејќи се по својата должност кон мирот и единството на верата, ние сме најдлабоко огорчени поради скорото апсење и затворање во Скопје на Високопреосветениот Архиепископ Охридски и Митрополит Скопски господин Јован од тамошните полициски власти. Погореспоменатиот недопустив и антицрковен гест на претставниците на БЈР Македонија далбоко не беспокојат поради тоа што сведочат за свесна упорност во расколот, пројавен од епископите на самопрогласената Македонска црква.Тие постојано додаваат на острина во своите постапки продлабочувајќи го раздорот, иако на збор велат дека и тие се за да се реши нерешеното прашање за каноничноста, и присоединувањето кон Телото на најсветите помесни братски Православни Цркви.

(Од писмото на Српскиот Патријарх Павле 11 август 2005 г.(протокол № 799))

Патриарх Александриски и на цела Африка Теодор II:

Во писмото кон Српскиот патријарх и синодот на СПЦ од 20 септември 2005 г. вели: «Eнергично го кревам гласот во знак на протест и ја споделувам позицијата со Вашата Светост во врска со апсењето на Архиепископот Јован. Спремни сме и во иднина да направиме се што би се покажало конечно и многу посакувано решение по тоа прашање».

Патриарх Антиохијски и на целиот Исток Игнатиј IV:

«Ваше Високопреосвештенство,

Со голема радост ја примивме веста од нашиот брат во Христа, Неговото Блаженство, Патријарх српски Павле дека Вие, заедно со свештенството и верниот народ од Вашата епархија одлучивте повторно да стапите во потполно литургиско и канонско единство со Српската Православна Црква. Се молиме благословот Божји да е на Вас и на сите од заедницата многу години и ја благословуваме оваа иницијатива».

(Писмо до Митрополитот велешки и повардарски г. Јован)

Патријарх Московски и на цела Русија Алексиј II:

Нашето внимание одамна е привлечено од проблемот на канонското устројство на животот на православните христијани во Република Македонија… Како што му е познато на Вашата Светост, Руската Православна Црква неизменето ја поддржува позицијата на Светата Српска Црква во однос на даденото прашање, сметајќи дека неговото разрешување исцело се наоѓа во компетенција на Црквата-Мајка.

Ние сега искусуваме утеха од Господа, штом примивме од Вас известување дека до ова време еден од архиереите во Македонија, Високопреосветениот Митрополит Велески и Повардарски Јован, веќе стапил во канонско заедничарење и единство со Вашата Светост, а со самото тоа и со Полнотата на Вселенското Православие. Отсега и Ние овој брат во Христа го поздравуваме преку Вас и двојно го спомнуваме него во нашите молитви, да го укрепи Господ и да му помогне во натамошните дејствија коишто по Наше убедување треба да бидат сторени за востановување на целосно молитвено и канонско заедничарење на сите верници во Македонија и нивните пастири со Вселенската Полнота на Христовата Црква.

(Писмо до Неговата Светост, Најсветиот Павле, Патријарх Српски од 28 Јуни 2002)

«Ние сме убедени дека секој раздор во црквата е болест на која мора да се одолее во духот на христијанската љубов и на патот кон братски дијалог основан на светите канони на Црквата. Вие знаете дека Руската Православна Црква е многунационална, таа ги обединува русите, украинците, белорусите, молдавците, и представниците на множество дуги народи… До толку повеќе огорчуваат таквите настроенија кои на жалост се воочуваат меѓу православните народи на балканот…

работите во република Македонија се многу сложени. Длабоко жалиме што веќе речиси 40 години продолжува разделбата поради која множество православни верници не се наоѓаат во полно црковно општење со своите едноверници во Србија и Црна Гора и во целиот свет…»

(Од одговорите на прашањата од агенцијата «Танюг»(танјуг) 15 ноември 2005 г).

«На жалост поддршката која ја добиваат расколниците често не им дозволува да се исправат на правата и канонска перспектива ».

(Од интервјуто во Белград, 15 ноември 2004 г.)

Света Општина Света Гора Атос:

«До Вашето Богочесно Високопреосвештенство, благочестиво во Господа Ви се обраќаме

Со голема трогнатост и болка во душата, известени за последните случувања преку печатот, но и преку заедничкото послание на православните монашки братства на Канонската Автономна Православна Охридска Архиепископија од 27.01/09.02.2004 г. околу искушенијата и прогоните на коишто сте изложение Вие, како и Вашата патства, а особено клирот и избраните во Христа коишто пребиваат во монашкиот живот, поради Вашата предаденост кон каноничноста и единството на Едната, Света и Соборна Црква, истапуваме преку ова наше свештено, заеднички потврдено писмо, да Ви го укажеме Вам и на оние со Вас братското сострадание и поткрепата на свештените живеалишта на светоименитата Гора Атонска и на отците коишто во нив се подвизуваат, молејќи се за брзото востановување на единството и мирот, и штедрата од Бога поткрепа и утеха.

Треба, исто така, јасно да ја изложиме вистината во врска со таканаречениот “светогорски иероѓакон, а сега Митрополит” Наум на “Македонската Црква” којашто денес пребива во раскол: тој замина од овдешната Света Обител Григоријат без дозвола и благослов, па преминувајќи во Романија беше ракоположен за презвитер и после тоа за епископ од претходноспоменатата расколничка “црква”. Тој се наоѓа во состојба на непослушание и нема никаква духовна врска со сепреподобниот Катигумен на Свештената Обител Григоријат – Архимандритот Георгиј којшто особено упорно одбива да го прими, колку пати оној и да побарал да го сретне, а притоа останува непокајан. Следствено, лажно се претставува дека е духовно чедо на гореспоменатиот свет Катигумен…”

Сите Претставници и Претстојатели коишто се во заедничкото Собрание на дваесетте Свештени Обители на Света Гора Атонска»

(Писмо до Митрополит Велески и Повардарски г. г. Јован, Света Охридска Архиепископија, Кареа 6/19 Февруари 2004. број на протокол Ф.2/5в/228)

3. Каков е односот на Православната Црква кон гревот на расколот?

Ап. Павел, послание кон Галатјаните, 5:19-21

Делата на телото се познати, тие се:прељубодејство, блудство, нечистотија, бесрамност, служење на идоли, маѓии, непријателство, кавги, ревнување, гнев, расправии, несогласности, ереси, зависи, убиства пијанство, срамни гостувања и други слични работи однапред ви велам како што ви реков и порано, дека оние кои го прават тоа нема да го наследат царството Божјо.

Свт. Игнатиј Богоносец. Послание кон филоделфијците, 4:

Одделете се од зол плевел кој не го расне Иисус Христос затоа што тој не е посаден од Отца… Зашто кои се навистина Божји и Иисус-Христови тие се со (канонскиот)епископ. и тие кои покајани ќе пријдат во Едната Црква, исто така ќе бидат Божји, за да живеат сообразно со Иисус Христос. Не се опрелестувајте браќа мои! Кој е воден од расколот тој нема да наследи Царството Божјо. Кој се држи до туѓо учење тој не сочувствува со страданијата Христови.

Блажени Августин. За самоволието на верата, Х:

Ние веруваме во Светата Соборна Црква. иако еретиците и расколниците исто така ги нарекуваат своите општини – цркви.Но еретиците лажно мислат за Бог, искажувајќи вера, но расколниците со незаконски разделби отстапуваат од братската љубов, иако веруваат во тоа што и ние. Затоа ни еретиците не принадлежат на Вселенската Црква, која го љуби Бога, ни расколниците не припаѓаат во неа.

Свт. Кипријан Картагински. Книга за единството на Црквата:

Возљублени браќа, јас сакам, ве советувам и убедувам, никој од браќата ако е можно, да не погине, и да би мајката, радувајќи се, да прегрне едно тело, составено од еден согласен народ. Ако пак не е можно спасителен совет да ги врати на патот на спасението некои од водачите на расколот и виновници за несогласието, кои пребиваат во слепо и упорно безумие, тогаш навистина вие сте уловени во простодушието,- или завлечени во лага или опрелестени од некаква итроштина, – раскинете ги злонамерните мрежи, ослободете се од заблудите на оние кои ги колебаат темелите ваши, познајте ги правите патеки од небесниот пат.

4. Точно ли е тоа дека секој православен народ кој има независна држава има и афтокефална Црква?

Не. Православните верници во Белорусија, Молдавија, најголем дел од верниците во Украина влегуваат во Руската Православна Црква, православните верници во Хрватска, Босна и Херцеговина, а исто така и Црна Гора влегуваат во составот на Српската Православна Црква, православните верници од Чешка и Словачка припаѓаат на една Црква, канонската територија на Константинополскиот, Александрискиот, Антиохијскиот, и Ерусалимскиот патријарх вклучуваат во себе неколку држави.

5. Точно ли е тоа дека Народот по национални причини може да прогласи или да се користи со Автокефалија на својата црква?

Од Константинополскиот Собор 1872 г.:

«Во светиот дух го востановуваме следново: ги отфрламе и ги осудуваме племенските делби т.е. племенските разлики, народните расправии и разногласија во Христовата Црква, како учења противни на Евангелието и на светите закони на нашите блажени отци на Црквата, на кои е утврдена Светата Црква и кои, украсувајќи го, го приведуваат кон Божествено благочестие.

Тие кои ги примаат таквите племенски делби, и кои се дерзнуваат на нив да основаат порано не постоечки племенски собиралишта, ги прогласуваме, согласно свештените канони, за туѓи на Едината Православна Црква и за вистински шизматици (расколници)».

6. Можат ли како оправдување за расколот на Маедонската православна Црква да и служат Бугарската и Грузиската Правослсавна Црква?


Не. И
Бугарската и Грузинската Православна Црква во 1943 г. добиле законска автокефалија, само откако поднесоа покајание за гревовниот раскол. До тој момент со нив евхаристиско општење немале ни една од останатите Православни Поместни Цркви, како што е сега со Македонската Православна Црква. Доколку Бугарската и Грузиската Православна Црква не принесеа покајание, за гревот на расколот, тогаш тие сеуште ќе беа надвор од телото Христово, како и Македонската Православна Црква сега. На тој начин, проблемот е единствено во несакањето на епископите и свештениците од МПЦ да принесат покајание за гревот на расколот. Кој не бара простување, тој и не го добива.

7. Може ли да служи како оправдување на Македонскиот раскол историјата на задграничната Руската Православна Црква и постоењето на Св. Јован Шангајски во неа?

Не. ЗРПЦ стана расколничка кога со нарушување на свештените канони и спствениот устав во 1990 прогласи паралелна хиерархија во Русија. Од тој момент со неа Престануваат да комуницираат сите помесни Православни Цркви. Св.Јован се претставил пред Господа во 1964 г., во негово време ЗРПЦ била во евхаристиска заедница со Српската и Ерусалимската Православна Црква, а тој на секоја литургија го спомнувал Московскиот патријарх и сослужувал со представници на многу други поместни Православни Цркви. Ни едното ни другото го нема во МПЦ од 1967 г.


8. Може ли да послужи како оправдание на Македонскиот раскол ситуацијата на Американската Православна Црква?

Не. Бившата Американска митрополија во 1970 г. со покајание се повлече од расколот и се врати во лоното на мајката Црква – Руската Православна Црква, и после тоа доби законска автокефалија од Московскиот Птријархат. Сите Помесни Православни Цркви имаат полно евхаристиско единство, иако не сите го признаваат нејзиниот автокефален статус (некои ја признаваат како автономна Црква во рамките на РПЦ). Таквата нејзина позиција нема ништо заедничко со сегашната позиција на МПЦ затоа што од страна на последната до сега немало покајание за расколот, ни враќање во лоното на Српската Православна Црква, ни законско добивање на Автокефалија.

9. Верно ли е дека добиената Автокефалија на поместните Цркви значи нивна потполна независност од другите Помесни Православни Цркви, подобно на државниот суверенитет?

Не. Црквата е една. Едно тело Христово, во Кое се забранети разделби. Автокефалијата означува само дека определен дел од Вселенската Црква сама подржува апостолско преемство на епископските ракополагања и сама востановува црковен суд на својата територија. Во се друго не постои независност. Никоја поместна Црква не може да менува догми, да воведе нови норми, и.т.н. Статусот на Автономијата речиси и да не се разликува од Автокефалијата, со исклучок на тоа што глава на автономната Црква е утврден од синодот на Мајката Црква, и судските решенија можат да бидат апелирани во нејзиниот суд. Во се друго автономната Црква во потполност е самоуправувачка. Но и судската власт на автокефалната Црква не е самодоволна – решенијата на нејзиниот црковен суд може да бидат оспорени од вселенскиот собор или собранието на поглаварите од Помесните Цркви.

10. Верно ли е дека вистинитоста и каноничноста на Црквата зависи од бројот на оние кои влегуваат во неа, клириците, монасите, епископите?

Не. Бројот на следбеници ама баш ништо не значи кога е во прашање вистината, баш како и на пример, мноштвото следбеници на Римо-Католличката Црква не сведочат за веродостојноста на нејзиното учење.

За време на пророкот Илија верни на Бога од целиот Израил останале само 7000 луѓе. Св. Атанасиј Велики на исток за време на аријанските ереси бил само еден, а исто така и Св преп. Марко Ефески после Флорентинската унија. Бројот на нивните приврзаници во тие времиња не го надминал бројот на Канонската Православна Охридска Архиепископија во денешниве времиња. Но тие победиле затоа што вистината не е таму каде и бројноста, но таму каде дејствуваат законите на Светиот Дух.Што се однесува до бројноста, една Москва има повеќе верници отколку цела МПЦ. А во целата Вселенска Православна Црква во која пребива Архиепископот Јован (Вранишковски) и синодот на Охридската Архиепископија, има повеќе од 250 000 000 верници.

~ од мистер ШЛАЈФка на Март 19, 2008.

Напишете коментар