Тенџерко атакинг

•Јули 22, 2007 • Напиши коментар

Вчера за медиумите, даде изјава расколничкиот архиеп. г. г. Стефан, која ни најмалку не ме зачуди, а и верувам никој не се изненадил од изјавените глупости и „духовни“ поуки. Се прашувам, кога ќе се случи од нивна уста да излезат зборовите ГОСПОД, ЦРКВА, ЕДИНСТВО, БРАЌА, КАНОН, БЛАГОСЛОВ и така натаму. Црковниот спор планираат да го решат со отворање на македонска црква во Србија??!? Па како мисли да го расчисти црковниот спор кога само провоцира, и изкажува максимално политичко настроение со провокации, а никако духовност. Тоа впрочем кажува за нивната духовност. Кога еднаш ќе им дојде на дневен ред, решавање на проблемот со единството? Се прават поголеми и од Господ. Па цели 35 години Светиот Дух снизходеше само да има благодет во нивната расколија, а тие нималку нема да „снизходат“ со што би го оставиле префиксот „македонска“ само за момент. Зарем ако го нема префиксот нема да сезнае од каде е таа црква? И каква е таа црква? И што се верниците по нациоалност? Но, УДБА не мисли така. Како инаку би ја контролирала дијаспората ако не со сопствена „Црква“.

Колку и да се должи за ова прашање, залудо е. Зашто се е толку очебијно. Кој има очи да гледа, ќе види. И ако го поставите ова прашање на дневен ред со богослови, теолози, и ред други од редот на МП„Ц“, секогаш кога им завршат оправдувањата и се најдуваат во ќор сокак, одговараат со „Е па тоа е.“ Чудесн теологија. Нова религија ќе се создаде за феномените од МП„Ц“. Само прашање на време е кога ќе се прогласи официјално, сега неофицијалниот поглавар г. (како граѓанинот, а не господин) Б.Ц. зашто еве, веќе го почнаа процесот со меѓусебно делење на ордени за заслуги. Господ нека ни е на сите напомош.

Advertisements

Селски Македонски Конгрес

•Јули 13, 2007 • Напиши коментар

Поздрави за господинот Петров, што најпрв се сети дека МП„Ц“ треба да издава томоси за автономија и да прогласува автокефалија на други православни цркви. Само човек може да му се чуди на умот. Господ нека му е напомош.

Оди познај да те видам!

•Мај 7, 2007 • 3 Коментари

WOW

Македонска фрустрација!

•Април 8, 2007 • 4 Коментари

Не е ни чудо зашто толку време не шетале по тавани, а сега и кога сме самостојни пак не шетаат. Дијагнозата е едноставна: Македонска фрустрација. Жалам што сеуште не се најде лек за тоа. Нема спор во Македонија, а да не се сведе на нископрофилна кавга на националистичка тема.

Во сите случаи ако мислиш различно од другите, испаѓаш предавник, бугарофил, србофил, гркофил, а всушност Македонецот е ФОБ. Секоја вечер сонува како го мачат Бугари, Срби, Грци, Албанци.

О! жален ти Македонецу.

Не мислев да се занимавам пак со оваа проблематика кај нас, ама на текстот Веронаука нон-грата од Зимски има конкретен пример за ова што го говорам. Текстот си е едно лично мислење на граѓанин на Македонија. Коментарите на тој текст се сосема нешто друго. Нема никаква критика, не држи, и за жал тоа е најчест пример за како тоа „патриотите“ кај нас, размислуваат за дневно-политичките и општествените проблеми.

Погледнете го текстот, и кажете каде тоа е поврзано со Бугари, Срби, Грци, Албанци.

Ова и не е текст за пост, туку за коментар, па тоа и правам сега, коментирам на (за жал) 90% од критичката маса во Македонија.

Денес во 21 век, само ниско-интелектуалните (прости) граѓани на Македонија, можат да се занимаваат со такви нископрофилни билни „патриотски“ препукувања. На крај, па Бугарија прва не призна под уставно име. И? Зашто?

Нај лошата слика кај нас е, што таквите пљампачи немаат леб да јадат (зборам за 90% од народот), па едино место каде што можат да се истурат е на сметка на некој од страна, а никако против тие кои им го направија животот претање во кал. До вчера одеа да се тепаат ако некој близок им замине како монах во манастир, се брцаа во мрвки среде пости, а сега најдоа да зборат за проблематиката во Црквата, како некој бил предавник. Кутри сме. Многу сме кутри.

Нa крај може да се спомене: Лицемерие и Фрустрацијa владее кај нас, и се додека е така, се додека не погледнеме отворено на случувањата кај нас, нема да се ослободиме од инерцијата која не влече на назад.

Резил!

•Март 31, 2007 • 8 Коментари

Никако не ми е сватливо, како тоа ние си придаваме сами на значење, дека ние сме некој битен фактор во светот. Па тоа никој не не рецка, се смеат на нас. Македонија, мноооооогу време пред Србија побара олеснување за визниот режим, а Србија веќе овој месец ќе потпише спогодбата. Кој тоа ни боди стап во очи и ни вика, не бе сламка е.

Викаат РЕФОРМИ! БОРБА СО КРИМИНАЛОТ! Еве, ако разгледаме еден пример од Прилеп (сепак јас сум од таму), не работи ни една фабрика, дури и Тут-Ком е во пропаст невиден, а има преку 80 000 жители. Почнаа барем да расчепкуваат во криминалот во Тут-Ком, ама тогаш-затогаш, сега никој ни ал ни абер, до каде се судските процеси… мм сумливо, а во емисијата ВО ЦЕНТАР со Васко Ефтов, се расправаше за тобако мафијата…. и пак тие па тие имиња, веќе не сакам ни да ги спомнам. Значи, како и да го вртеш газот, од позади ти иде. А се вмешани крими-гуруата во нешто, не барајте судски процес.

Деновиве беше актуелно, како во Бугарија се спомнала идејата за соединување со Македонија. Па со оглед на ситуацијата која ја живееме или поточно вегетираме тука, по изводливо решение нема. Ем во ЕУ, ем на море, ем евтини автомобили, ем пазар за 10 милиони луѓе.. Не Каракачанов во ВМРО-БНД, ами и Волен Сидеров од АТАКА, ќе победи. Бедни сме, Се додека не се чепне во Змијарникот, змиите залудо ги бркаме по полето. РЕЗИЛ! МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ? ЗА 20години минимум.

М„ПЦ“s adventures-превземено

•Март 31, 2007 • Напиши коментар

Расколничката МПЦ
ќе го суди Архиепископот г. г. Јован на Велики четврток

 

Дали постои некаква символика во тоа што судењето на Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г. г. Јован за кривично дело „затајување“, за кое беше ослободен од Основниот суд во Велес, а Апелациониот суд во Скопје го врати на повторно судење, е закажано за 05-ти Април 2007 год., односно на Велики четврток?

По барање на расколничката организација, која се самонарекува МПЦ, почнувајќи од 2003 год., па се досега, власта прави политички прогони врз Архиепископот г. г. Јован. Како резултат на тие политички прогони тој е веќе двапати затворан. На последното судење, на кое беше обвинет дека затаил цели црковни буџети во период од четири години, беше ослободен од судот во Велес, но по жалба на Јавниот обвинител, Апелациониот суд во Скопје го врати делото на повторно судење. Судот во Велес го закажа судењето токму на Велики четврток. Со какво лице ќе дојдат тужителите, расколничката МПЦ, да го судат Архиепископот г. г. Јован на Велики четврток?

Во продолжение го поставуваме Завршниот збор што Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г. г. Јован го даде пред судот во Велес минатата година по истото обвинение.

 

::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::

 

К. бр. 86/04 – во Основниот суд во Велес

 

ЗАВРШЕН ЗБОР
на Архиепископ охридски и Митрополит скопски г.г. Јован
на судењето за кривичното дело „затајување“ по чл. 239 ст. 4 в.в.ст. 1 в.в.чл. 45 од Кривичниот законик

 

Почитуван претседателе на судскиот совет,
Ќе се потрудам да бидам многу краток и тоа од три причини, иако обвинението со кое се теретам е многу опширно.

Прво, затоа што во исказот кој судот ми дозволи да го дадам бев доволно опширен и мислам дека ги одговорив сите аспекти од обвинението, второ затоа што доказната постапка докажа дека обвинението е потполно неосновано и трето, а можеби и најважно што во политичките процеси колку повеќе зборуваш тоа е повеќе на твоја штета. Тоа добро го испробав, низ неколку политички процеси кои власта ми ги конструира и овој пат решив барем да не си трошам зборови.

Тоа дека и овој судски процес е конструиран за политичка пресметка со мене мислам дека ниту се крие, ниту оној кој го конструирал, а тоа е власта сака да има конспиративност.

Прво Управата за Безбедност и Контраразузнавање ми ја запали куќата, потоа дојде јавната безбедност и она што не беше изгорено го заплени. И тоа ги заплени токму документите и архивите за овој судски процес, а никогаш потоа не ги врати. Кога овој суд побара доказ дали полицијата ми ги вратила запленетите материјали, добивте одговор дека ми ги вратиле, ама не направиле записник за тоа. Дали е тоа можно, навистина да ги вратиле, а да немаат записник за тоа, судот нека цени, но кај мене ќе остане сомнеж дека тоа е направено во соработка со јавното обвинителство за да ги оневозможат да се прикажат моите докази. Во нормални услови и во правна држава, само овој непобитен факт, дека полицијата ми ги одзела клучните документи за процесов е доволен за ослободителна пресуда, но во овие наши услови …

Ќе бидам искрен, давајќи одбрана за делото за кое сум обвинет се чувствував многу бедно. Не затоа што сум горд, или за тоа што не сакам да дадам отчет, туку затоа што судејќи ме мене за затајување се суди целата Црква, дури некои нејзини високи управители и да не се свесни за тоа. И тоа не се суди Црквата внатре во Црквата, туку се суди пред сите јавно.

Потешко значи ми е тоа отколку директно без процес да бев осуден. И вака и така, јас веќе навикнат на живот во затвор. Така немаше да падне сомнеж на Црквата. Немаше да падне сомнеж дали е можно ова за кое сум обвинет да го правел само еден од осумте владици во МПЦ. Но, за срамот кои го нанесоа на Црквата нека мислат оние кои дадоа предлог за гонење, а тоа е МПЦ, при тоа свесни дека црковните канони забрануваат свештени лица да се судат во граѓански судови.

Но, ако оние кои го дадоа предлогот не се вични ниту во црковното, ниту во кривичното право, требаше малку повеќе доблест да има јавниот обвинител и да не подига обвинение, особено затоа што истрагата и вештачењето дадоа цврсти докази дека во овој случај нема кривично дело. Во почетокот на овој судски процес, јас и напишав едно остро пимо на јавнот обвинител во кое ја укорив за тоа што превзема и противзаконски и противуставни дејства влегувајќи во работата на верските заедници кои според устав се одвоени од државата, а со тоа државата или било која државна институција нема право да им врши финансиска контрола.

Како минува времето гледам дека малку сум избрзал, зашто после моето затворање се докажа дека јавниот обвинител всушност само се појавува на судењето, можеби и без тоа да го сака, ама мене ме гони државата и тоа од највисоко ниво, од претседателот на државата г–динот Бранко Црвенковски кој јавно кажа дека Охридска Архиепископија на која сум Архиепископ ќе ја уништела МПЦ и затоа на секој начин требало да се спречи нејзиното постоење.

Така, за да се заштити МПЦ, државата отвори неколку судски спорови против мене. Веќе ме сместија во затвор и мислат дека со продолжени судења кои ги најавуваат, нас ќе нè истоштат, истовремено ќе нè казнат, а МПЦ среќно ќе си живее.

За да се оствари кривичното дело за кое сум обвинет потребно е некој да ми доверил некои средства или предмет и јас да сум ги задржал со нив да располагам или пак сум му ги дал на некој друг тој да ги употребува. Самиот факт што ниту во обвинителниот акт, ниту во доказната постапка се утврди што е тоа што ми било доверено, а јас сум го затаил, е основа судот да утврди дека нема кривично дело и да донесе ослободителна пресуда. Од друга страна, дури и летимичен поглед на обвинителниот акт дава впечаток дека е подигнат за друго кривично дело: „злоупотреба на службената положба и овластувања”, а не за кривично дело „затајување”. За да не испадне дека иако сум обвинет за затајување, судот да ме суди за злоупотреба, или како медиумите тоа го нарекуваат малверзации, би замолил да се има во предвид тоа дека одлуките на верските заедници, според чл. 14 од Законот за верски заедници и религиозни групи не произведуваат дејства надвор од самите заедници. Тоа значи дека се нелигитимни во правниот промет. Со други зборови, одлуките кои ги носела Црквата, нејзините тела и органи, а нејзино тело е и самата служба на Митрополитот не предизвикуваат дејство ниту пред овој суд. Дали некои тела и органи во Црквата вршеле пренамена на средства и претурале од еден фонд во друг, не може и не смее да биде од интерес на судот. Тоа е внатрешна црковна работа, иако како што вештачењето и самата доказна постапка покажа, за сите поголеми суми одлучувал Епархискиот Управен Одбор, а за она што не одлучувал дал позитивно мислење кога се усвојувала завршната сметка.

Бидејќи судскиов процес е јавен, а средствата за информирање вршеа огромен притисок преку јавноста, нека ми биде дозволено да го кажам и следново:

Судот го отстрани од можност да го следи процесот Епископот Марко дремвицки затоа што оцени дека со некоја негова изјава правел притисок врз судот. Но, не отстрани ниту еден од претставниците на средствата за информирање затоа што со своите груби лаги вршеа не еднократен туку континуиран притисок врз судот.

Не е ли притисок за судот и не требаше ли претставниците од средствата за информирање да бидат опоменети дека вршат притисок врз судот со тоа што изјавуваа дека сумата која е предмет на затајувањето е 550 000 €. Сега, кога процесот завршува и кога е многу лесно да се утврди дека сите средства од буџетите кои се споменуваа во обвинението не се повеќе од 200 000 €, треба да чувствуваат срам оние кои намерно сакаа да направат лажна слика. Имено, дури и да усвоеја сума од 200 000 € како предмет на затајувањето, пак ќе беше нереално, зашто во тој случај како за ништо друго не се трошеле средствата: ниту се исплаќало плати, ниту патни трошоци имало, ниту се одржувале објектите, ниту канцелариски материјал се купувало, единствено испаѓа како некој само да внесувал средства, а јас само да сум ги затајувал.

Ќе завршам со тоа дека не само што не се чувстувам виновен за кривичното дело за кое сум обвинет, туку сметам дека целата доказна постапка покажа дека не сум направил кривично дело затајување. Се надевам дека судот правилно ќе ги цени фактите, не под притисок на политиката и средствата за информирање.

Затоа, согласен во сè со мојот бранител, барам судот да го одбие обвинителниот акт, како акт подигнат од неовластен тужител, а во колку тоа не го усвои да донесе ослободителна пресуда бидејќи не е остварено дејството на кривичното дело за кое се теретам.
30 март 2006г.

превземено од http://www.poa-info.org

Што сега?

•Март 25, 2007 • Напиши коментар

 

Во петокот, на 23.03.2007 во политичкиот неделник „Фокус“, го читав интервјуто на Алесандар Цветков, екс началник на Петтата Управа. Тоа интервју е полно со обвинувања и „сомневања“ (неможе да се сомневања, зашто лично е сведок) дека единствени кои се виновни за аферата „Големото Уво“, војната во 2001, „Раштански Лозја“, „Љуботен“ и многу други се, никој друг, ами (аман, пак тие) Бранко Црвенковски, Хари Костов, Зоран Верушевски и компанија….

Се прашувам, во печатен медиум, кој е во достап за сите, има директни обвинувања за огромни афери кои отвораат врата на скриениот криминал кој и те како боди во очи кај нас, а никој не се става во функција да ги расчисти тие дилеми.

Kако прво, нит Јавен Обвинител покренал постапка, нит ценетите ни „интелектуалци“ се обиделе да сторат нешто, нит новинар и тв медиум се обиделе да направат истражување или дебата или што и да е, кое ќе биде во полза за целосно растерување на црниот облак кој е над нас веќе многу години.

Aко земеме за пример дека црковниот проблем кај нас, никогаш не бил истакнат на јавна дебата, на соочување на спротивставените страни и друг вид на иницијативи (и земеме во предвид дека „главата“ на гореспоменатите личности е дубоко замешан и тука) ќе дојдеме до заклучок, дека сум сосема прав, во подолу истакнатиот текст за „Новинарите“ кај нас, дека се само пиуни на криминални структури. А и затоа не е чудно што чесните станаа криминалци, а криминалците станаа чесно (нормално, медиумите го покажаа дека е така, а нема кој да ги коментира нив, дали е вистина или не).

И сега? Обичниот граѓанин, каков што впрочем сум и јас.. Кога ќе види дека сите кецови во ракав се потпишани од Б.Ц. ќе се праша ШТО СЕГА? (Кој е тој маж, што ќе одговори?)