40 ракии за адет!

•Март 23, 2008 • 11 Коментари

Пазете се од адети, зашто  не здравје, ами ќе ви се земе здравјето, 40 тиганици и 40 ракии ?! Болен адет!

*превземено од а1 интернет вестите. За видео верзија тука.

Штипјани го прославија првиот ден на пролетта

22.03.2008

Денеска сите штипјани се искачија на Исарот. Така го прославуваат првиот ден на пролетта. Празникот е автентичен за Штип, но нема пишани документи за тоа од кога точно потекнува и зошто се празнува.

Обичајот штипјани на 22 март да се качуваат на тврдината Исар потекнува од многу одамна, но никој не знае точно од кога. Обичајот штипјани го прекинале само за време на Втората светска војна, бидејќи тврдината Исар имала големо стратешко значење.

Освен што штипјани се искачуваат на врвот на тврдината Исар, за исполнување на желбите се фрлаат камчиња кон Брегалница. Се што се случува на овој ден е поврзано со бројот 40.

„Треба 40 пати да направите здраво и да фрлите 40 камчиња“, изјави граѓанин на Штип.

Жените на овој ден прават 40 тиганици, а мажите пијат по 40 чашки ракија. Жителите на Исарот тој ден примаат гости.

„Прво, секогаш пуканките се олицетворение за 40-те маченици. Секоја куќа, а и продавачите на патот горе обавезно имаат пуканки“, рече граѓанин на Штип.

Празникот е особено интересен за младите. Тие качувајќи се на Исарот се поздравуваат со 39 луѓе, 40-от го бакнуваат. И постарите веруваат дека фрлањето на 40 камчиња ќе им донесе здравје и бериќет.

Со овој обичај, кои многумина го поврзуваат со христијанскиот празник 40 севастополски маченици и празникот Младенци, штипјани си посакуваат здравје и бериќет.

Вистината за положбата на Црквата во Македонија

•Март 19, 2008 • Напиши коментар

10 прашања за тие кои не се плашат да ја знаат вистината

Само факти

1.Што е православната Црква?

Свт. Николај Охридски, «Катехизис на Православната Црква»:

Црквата Христова е една, света, вселенска и апостолска. Таа претставува едно духовно тело, чија глава е Иисус Христос, со едниот Дух Свети, кој пребива во Неа. Независноста на помесните Цркви, т.е. органите на едната Вселенска Црква, се изразува во употребата на јазикот на својот народ или во некои внатрешни разлики, кои се потчинети на канонските правила.Со други зборови, тие цркви во суштина се членови на Едното тело на Вселенската Црква, и тие како гранки на едно дрво се хранат од едниот корен и од едните и заеднички сокови.

Црквата се вика Вселенска затоа што не се ограничува ниту на место ниту на време, ни на народ, ни пак на јазик.Таа се однесува на целото човештво. Уште се вика Вселенска и затоа што, во себе ги вклучува целата Вистина и сите средства потребни за спасение на секоја човечка душа во светот.

Делови на Едната Вселенска Црква се, Константинополската, Иерусалимската Александриската, Антиохиската, Руската, Кипарската, Грчката, Српската, Бугарската, Романската Грузиската, Албанската, Полската, Чешките земји и Словачка, и Американската.

Архиереи на Српската Православна Црква биле митрополит охридски Доситеј и епископ Наум. Тие биле ракоположени од српскиот патријархат, и од него примиле титули. И покрај тоа самоволно во 1967 г. се одрекле од него престанувајќи да го спомнуваат името на Српскиот Патријарх, и со тоа направиле канонски престап и обазувале раскол. Еве што велат каноните на Православната Црква за такви случаеви:

15 правило на Прво-вториот собор 861 г.:

Ако презвитер или епископ или митрополит, се дрзне да одстапи од општење со својот Патријарх, и не го спомнува неговото име, по определениот и востановлениот чин, во божественото тајнодејствие, но… прави раскол: на таквиот светиот соборму одредува да биде потполно одстранет од секакво свештенство.

на тој начин во Македонија во 1967 г. Црквата била одделена од Вселенската Црква додека во 2002 г. митрополитот Велески и Повардарски Јован се врати во канонска заедница со Српскиот Патријарх, а преку него – со целата Вселенска Православна Црква .

2. Има ли за тоа потврди од страна на поглавари од други Православни Цркви?

Константинополски патриарх Вартоломеј I:

«… стремејќи се по својата должност кон мирот и единството на верата, ние сме најдлабоко огорчени поради скорото апсење и затворање во Скопје на Високопреосветениот Архиепископ Охридски и Митрополит Скопски господин Јован од тамошните полициски власти. Погореспоменатиот недопустив и антицрковен гест на претставниците на БЈР Македонија далбоко не беспокојат поради тоа што сведочат за свесна упорност во расколот, пројавен од епископите на самопрогласената Македонска црква.Тие постојано додаваат на острина во своите постапки продлабочувајќи го раздорот, иако на збор велат дека и тие се за да се реши нерешеното прашање за каноничноста, и присоединувањето кон Телото на најсветите помесни братски Православни Цркви.

(Од писмото на Српскиот Патријарх Павле 11 август 2005 г.(протокол № 799))

Патриарх Александриски и на цела Африка Теодор II:

Во писмото кон Српскиот патријарх и синодот на СПЦ од 20 септември 2005 г. вели: «Eнергично го кревам гласот во знак на протест и ја споделувам позицијата со Вашата Светост во врска со апсењето на Архиепископот Јован. Спремни сме и во иднина да направиме се што би се покажало конечно и многу посакувано решение по тоа прашање».

Патриарх Антиохијски и на целиот Исток Игнатиј IV:

«Ваше Високопреосвештенство,

Со голема радост ја примивме веста од нашиот брат во Христа, Неговото Блаженство, Патријарх српски Павле дека Вие, заедно со свештенството и верниот народ од Вашата епархија одлучивте повторно да стапите во потполно литургиско и канонско единство со Српската Православна Црква. Се молиме благословот Божји да е на Вас и на сите од заедницата многу години и ја благословуваме оваа иницијатива».

(Писмо до Митрополитот велешки и повардарски г. Јован)

Патријарх Московски и на цела Русија Алексиј II:

Нашето внимание одамна е привлечено од проблемот на канонското устројство на животот на православните христијани во Република Македонија… Како што му е познато на Вашата Светост, Руската Православна Црква неизменето ја поддржува позицијата на Светата Српска Црква во однос на даденото прашање, сметајќи дека неговото разрешување исцело се наоѓа во компетенција на Црквата-Мајка.

Ние сега искусуваме утеха од Господа, штом примивме од Вас известување дека до ова време еден од архиереите во Македонија, Високопреосветениот Митрополит Велески и Повардарски Јован, веќе стапил во канонско заедничарење и единство со Вашата Светост, а со самото тоа и со Полнотата на Вселенското Православие. Отсега и Ние овој брат во Христа го поздравуваме преку Вас и двојно го спомнуваме него во нашите молитви, да го укрепи Господ и да му помогне во натамошните дејствија коишто по Наше убедување треба да бидат сторени за востановување на целосно молитвено и канонско заедничарење на сите верници во Македонија и нивните пастири со Вселенската Полнота на Христовата Црква.

(Писмо до Неговата Светост, Најсветиот Павле, Патријарх Српски од 28 Јуни 2002)

«Ние сме убедени дека секој раздор во црквата е болест на која мора да се одолее во духот на христијанската љубов и на патот кон братски дијалог основан на светите канони на Црквата. Вие знаете дека Руската Православна Црква е многунационална, таа ги обединува русите, украинците, белорусите, молдавците, и представниците на множество дуги народи… До толку повеќе огорчуваат таквите настроенија кои на жалост се воочуваат меѓу православните народи на балканот…

работите во република Македонија се многу сложени. Длабоко жалиме што веќе речиси 40 години продолжува разделбата поради која множество православни верници не се наоѓаат во полно црковно општење со своите едноверници во Србија и Црна Гора и во целиот свет…»

(Од одговорите на прашањата од агенцијата «Танюг»(танјуг) 15 ноември 2005 г).

«На жалост поддршката која ја добиваат расколниците често не им дозволува да се исправат на правата и канонска перспектива ».

(Од интервјуто во Белград, 15 ноември 2004 г.)

Света Општина Света Гора Атос:

«До Вашето Богочесно Високопреосвештенство, благочестиво во Господа Ви се обраќаме

Со голема трогнатост и болка во душата, известени за последните случувања преку печатот, но и преку заедничкото послание на православните монашки братства на Канонската Автономна Православна Охридска Архиепископија од 27.01/09.02.2004 г. околу искушенијата и прогоните на коишто сте изложение Вие, како и Вашата патства, а особено клирот и избраните во Христа коишто пребиваат во монашкиот живот, поради Вашата предаденост кон каноничноста и единството на Едната, Света и Соборна Црква, истапуваме преку ова наше свештено, заеднички потврдено писмо, да Ви го укажеме Вам и на оние со Вас братското сострадание и поткрепата на свештените живеалишта на светоименитата Гора Атонска и на отците коишто во нив се подвизуваат, молејќи се за брзото востановување на единството и мирот, и штедрата од Бога поткрепа и утеха.

Треба, исто така, јасно да ја изложиме вистината во врска со таканаречениот “светогорски иероѓакон, а сега Митрополит” Наум на “Македонската Црква” којашто денес пребива во раскол: тој замина од овдешната Света Обител Григоријат без дозвола и благослов, па преминувајќи во Романија беше ракоположен за презвитер и после тоа за епископ од претходноспоменатата расколничка “црква”. Тој се наоѓа во состојба на непослушание и нема никаква духовна врска со сепреподобниот Катигумен на Свештената Обител Григоријат – Архимандритот Георгиј којшто особено упорно одбива да го прими, колку пати оној и да побарал да го сретне, а притоа останува непокајан. Следствено, лажно се претставува дека е духовно чедо на гореспоменатиот свет Катигумен…”

Сите Претставници и Претстојатели коишто се во заедничкото Собрание на дваесетте Свештени Обители на Света Гора Атонска»

(Писмо до Митрополит Велески и Повардарски г. г. Јован, Света Охридска Архиепископија, Кареа 6/19 Февруари 2004. број на протокол Ф.2/5в/228)

3. Каков е односот на Православната Црква кон гревот на расколот?

Ап. Павел, послание кон Галатјаните, 5:19-21

Делата на телото се познати, тие се:прељубодејство, блудство, нечистотија, бесрамност, служење на идоли, маѓии, непријателство, кавги, ревнување, гнев, расправии, несогласности, ереси, зависи, убиства пијанство, срамни гостувања и други слични работи однапред ви велам како што ви реков и порано, дека оние кои го прават тоа нема да го наследат царството Божјо.

Свт. Игнатиј Богоносец. Послание кон филоделфијците, 4:

Одделете се од зол плевел кој не го расне Иисус Христос затоа што тој не е посаден од Отца… Зашто кои се навистина Божји и Иисус-Христови тие се со (канонскиот)епископ. и тие кои покајани ќе пријдат во Едната Црква, исто така ќе бидат Божји, за да живеат сообразно со Иисус Христос. Не се опрелестувајте браќа мои! Кој е воден од расколот тој нема да наследи Царството Божјо. Кој се држи до туѓо учење тој не сочувствува со страданијата Христови.

Блажени Августин. За самоволието на верата, Х:

Ние веруваме во Светата Соборна Црква. иако еретиците и расколниците исто така ги нарекуваат своите општини – цркви.Но еретиците лажно мислат за Бог, искажувајќи вера, но расколниците со незаконски разделби отстапуваат од братската љубов, иако веруваат во тоа што и ние. Затоа ни еретиците не принадлежат на Вселенската Црква, која го љуби Бога, ни расколниците не припаѓаат во неа.

Свт. Кипријан Картагински. Книга за единството на Црквата:

Возљублени браќа, јас сакам, ве советувам и убедувам, никој од браќата ако е можно, да не погине, и да би мајката, радувајќи се, да прегрне едно тело, составено од еден согласен народ. Ако пак не е можно спасителен совет да ги врати на патот на спасението некои од водачите на расколот и виновници за несогласието, кои пребиваат во слепо и упорно безумие, тогаш навистина вие сте уловени во простодушието,- или завлечени во лага или опрелестени од некаква итроштина, – раскинете ги злонамерните мрежи, ослободете се од заблудите на оние кои ги колебаат темелите ваши, познајте ги правите патеки од небесниот пат.

4. Точно ли е тоа дека секој православен народ кој има независна држава има и афтокефална Црква?

Не. Православните верници во Белорусија, Молдавија, најголем дел од верниците во Украина влегуваат во Руската Православна Црква, православните верници во Хрватска, Босна и Херцеговина, а исто така и Црна Гора влегуваат во составот на Српската Православна Црква, православните верници од Чешка и Словачка припаѓаат на една Црква, канонската територија на Константинополскиот, Александрискиот, Антиохијскиот, и Ерусалимскиот патријарх вклучуваат во себе неколку држави.

5. Точно ли е тоа дека Народот по национални причини може да прогласи или да се користи со Автокефалија на својата црква?

Од Константинополскиот Собор 1872 г.:

«Во светиот дух го востановуваме следново: ги отфрламе и ги осудуваме племенските делби т.е. племенските разлики, народните расправии и разногласија во Христовата Црква, како учења противни на Евангелието и на светите закони на нашите блажени отци на Црквата, на кои е утврдена Светата Црква и кои, украсувајќи го, го приведуваат кон Божествено благочестие.

Тие кои ги примаат таквите племенски делби, и кои се дерзнуваат на нив да основаат порано не постоечки племенски собиралишта, ги прогласуваме, согласно свештените канони, за туѓи на Едината Православна Црква и за вистински шизматици (расколници)».

6. Можат ли како оправдување за расколот на Маедонската православна Црква да и служат Бугарската и Грузиската Правослсавна Црква?


Не. И
Бугарската и Грузинската Православна Црква во 1943 г. добиле законска автокефалија, само откако поднесоа покајание за гревовниот раскол. До тој момент со нив евхаристиско општење немале ни една од останатите Православни Поместни Цркви, како што е сега со Македонската Православна Црква. Доколку Бугарската и Грузиската Православна Црква не принесеа покајание, за гревот на расколот, тогаш тие сеуште ќе беа надвор од телото Христово, како и Македонската Православна Црква сега. На тој начин, проблемот е единствено во несакањето на епископите и свештениците од МПЦ да принесат покајание за гревот на расколот. Кој не бара простување, тој и не го добива.

7. Може ли да служи како оправдување на Македонскиот раскол историјата на задграничната Руската Православна Црква и постоењето на Св. Јован Шангајски во неа?

Не. ЗРПЦ стана расколничка кога со нарушување на свештените канони и спствениот устав во 1990 прогласи паралелна хиерархија во Русија. Од тој момент со неа Престануваат да комуницираат сите помесни Православни Цркви. Св.Јован се претставил пред Господа во 1964 г., во негово време ЗРПЦ била во евхаристиска заедница со Српската и Ерусалимската Православна Црква, а тој на секоја литургија го спомнувал Московскиот патријарх и сослужувал со представници на многу други поместни Православни Цркви. Ни едното ни другото го нема во МПЦ од 1967 г.


8. Може ли да послужи како оправдание на Македонскиот раскол ситуацијата на Американската Православна Црква?

Не. Бившата Американска митрополија во 1970 г. со покајание се повлече од расколот и се врати во лоното на мајката Црква – Руската Православна Црква, и после тоа доби законска автокефалија од Московскиот Птријархат. Сите Помесни Православни Цркви имаат полно евхаристиско единство, иако не сите го признаваат нејзиниот автокефален статус (некои ја признаваат како автономна Црква во рамките на РПЦ). Таквата нејзина позиција нема ништо заедничко со сегашната позиција на МПЦ затоа што од страна на последната до сега немало покајание за расколот, ни враќање во лоното на Српската Православна Црква, ни законско добивање на Автокефалија.

9. Верно ли е дека добиената Автокефалија на поместните Цркви значи нивна потполна независност од другите Помесни Православни Цркви, подобно на државниот суверенитет?

Не. Црквата е една. Едно тело Христово, во Кое се забранети разделби. Автокефалијата означува само дека определен дел од Вселенската Црква сама подржува апостолско преемство на епископските ракополагања и сама востановува црковен суд на својата територија. Во се друго не постои независност. Никоја поместна Црква не може да менува догми, да воведе нови норми, и.т.н. Статусот на Автономијата речиси и да не се разликува од Автокефалијата, со исклучок на тоа што глава на автономната Црква е утврден од синодот на Мајката Црква, и судските решенија можат да бидат апелирани во нејзиниот суд. Во се друго автономната Црква во потполност е самоуправувачка. Но и судската власт на автокефалната Црква не е самодоволна – решенијата на нејзиниот црковен суд може да бидат оспорени од вселенскиот собор или собранието на поглаварите од Помесните Цркви.

10. Верно ли е дека вистинитоста и каноничноста на Црквата зависи од бројот на оние кои влегуваат во неа, клириците, монасите, епископите?

Не. Бројот на следбеници ама баш ништо не значи кога е во прашање вистината, баш како и на пример, мноштвото следбеници на Римо-Католличката Црква не сведочат за веродостојноста на нејзиното учење.

За време на пророкот Илија верни на Бога од целиот Израил останале само 7000 луѓе. Св. Атанасиј Велики на исток за време на аријанските ереси бил само еден, а исто така и Св преп. Марко Ефески после Флорентинската унија. Бројот на нивните приврзаници во тие времиња не го надминал бројот на Канонската Православна Охридска Архиепископија во денешниве времиња. Но тие победиле затоа што вистината не е таму каде и бројноста, но таму каде дејствуваат законите на Светиот Дух.Што се однесува до бројноста, една Москва има повеќе верници отколку цела МПЦ. А во целата Вселенска Православна Црква во која пребива Архиепископот Јован (Вранишковски) и синодот на Охридската Архиепископија, има повеќе од 250 000 000 верници.

Митинг на погреб!

•Октомври 20, 2007 • Напиши коментар

    Се извинувам најдлабоко, што ќе морам да искоментирам, (се извинувам зашто е сврзано со најнемилиот настан кој ја снајде Македонија, трагичната смрт на Тоше Проески), за проповедта на едниот од „Великодостојниците“ на МПЦ, г. Петар, по време на погребната церемонија на Тоше.

    Како ли само можеше да заборави дека пред се, се представува за великодостојник не една црква, од кој народот очекува, зборови за да ги утеши, а тој а го искористи времето за пљампање на празно, да се внесе и да тресе како да е на митинг. Ова можам да го подкрепам (сигурно и вие ја забележавте, ако сте го следеле погребот) со максимално видливата деконцентрираност, со која што заборави каде се најдува, а и за што е таму.

    На крајот од неговата проповед испљампа: „За многу години…..(се збуни, зашто се сети дека не е празник) да му е Царството Божјо…. “ – Па како може, Царството Божјо кое е вечно, да му е за многу години?

    Срамота! Па самиот Тоше, беше милион пати по-освестен и по-побожен православен христијанин… тоа и пилците го знаеа, а и судејќи по зборовите на Епископ од една од Православните Цркви во светов (парафразирам) << Ова да се случеше на некој друг, а не на Тоше, самиот Тоше ќе речеше, не плачете, така сакал Господ>> Бог да го прости Тоше. Верувам дека конечно го доби тоа за што живееше, за кое и ние сите живееме, за Вечниот Живот, горе на Небото.

Колумна Малоумна!

•Октомври 20, 2007 • 1 Коментар

Наведениов текст е превземен од он.нет, кои пак го превзеле од Време (пречкртувам и не ставам линк зашто се гомнари, штом можат да го објават ова), дневниот весник. Колумната на професор доктор Владо Бучковски, по повод загинувањето на Тоше Проевски ( Бог да го прости, да прости на душата на Тоше, и на Бучковски за крајно малоумниот текст). Бујрум:

Си замина нашиот цар

Проф. д-р Владо Бучковски

Си замина Тоше, останавме без нашиот некрунисан Цар. Си замина во легендите…
Секоја негова песна, секој негов настап бликаше со неверојатна сила, енергија и верба во животот… Македонија достоинствено се прости од него. Требаше да се има голема доблест и разум да не се злоупотреби Тоше во политички цели… Најдоброто од Македонија… да остане наш, на сите нас! Тоше си замина, ние ќе продолжиме да живееме со нашите проблеми, со нашата реалност…
Во оваа наша реалност посебно место има улогата на нашето МВР. Тоа работи „во согласност со Уставот и законите“, што би рекла министерката Јанкуловска, односно работи „според духот на правото што не го разбира СДСМ“. Жална е Македонија кога има вакви министри. Министри што не признаваат дека нивните подредени тепаат деца, дипломати, новинари… Министри што се партиски војници. Да видиме како тоа МВР работи „во согласност со Уставот и законите“. Партизацијата на МВР и отсуството на демократска (цивилна) контрола на полицијата се најголемите манифестирани слабости во овој сектор во изминатите 16 месеци на владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Тепањето дипломати (случајот „Тренд“), тепањето деца (случајот „Процес“), тепањето новинари-сниматели (случајот „Алсат“) за кои пишував неодамна, се најконтроверзните случаи во овој период, каде што до израз дојде партизацијата на МВР. Од друга страна, пак, најкарактеристичните случаи на отсуство на демократска контрола на полицијата беа неуспешната полициска операција во Ваксинце, кога загина командирот на полициската станица во Матејче а беа убиени и ранети уште неколку цивили и полицајци и појавата на десетици „тешко“ вооружени припадници на МВР пред парламентот во цивил на 25 септември оваа година по немилите настани во Собранието. Официјално, таму биле припадниците на „алфите“. Морам да констатирам дека ним таму не им беше местото. „Алфите“, кои се формираа во 2005 година, требаше да бидат „флуктирачка“ или „ад хок“-единица, која повремено и привремено ќе се регрутира од редовните полицајци за справување со уличниот криминал. Таков барем беше концептот на министерот Љубомир Михајловски-Џанго, кој ја промовира оваа „ад хок“-единица. Сето она што во меѓувреме се случува со оваа единица, а особено со регрутацијата на постојани а не повремени припадници, и дава белег на формација што се злоупотребува за политички цели. Третиот крупен белег на функционирањето на МВР во изминатите 16 месеци е однесувањето на нејзиниот портпарол. Најголемите бисери беа неговите коментари за моето задржување на граничниот премин Богородица на 1 август оваа година и обидот за мое спектакуларно апсење, како и серијата закани упатени кон колегата-пратеник Јани Макрадули за отворањето на скандалот за хотелската „Окта“. Јас се обидов да реагирам легалистички и упатив две претставки до МВР, т.е. Секторот за внатрешни работи и професионални стандарди; едната за обидот за противправно лишување од слобода на граничниот премин Богородица на 1 август оваа година и, втората, за изјавата на портпаролот на МВР на 9 август оваа година. Епилогот за првата претставка и е познат на македонската јавност. Според Секторот за внатрешни работи и професионални стандарди, на 1 август оваа година јас сум бил задржан на граничниот премин Богородица за да бидам „почестен со кафе и сок“, а не за да бидам уапсен. Незадоволен од одговорот, по препорака на народниот правобранител, поднесов кривична пријава против командирот на полициската станица во Богородица за противправно лишување од слобода. Се надевам, кога тогаш, ќе се докаже кој ја издал наредбата. Втората претставка има уште почуден епилог. Во неа јас реагирав на одговорот на портпаролот на МВР даден на прес-конференција, каде што на прашање на новинар да го коментира моето задржување на граничниот премин, портпаролот одговори дека „МВР не сака и нема намера да навлегува во полемика со лица што се појавуваат во крим-евиденцијата како сторители на тешки кривични дела и против кои се води судска постапка“. Јас реагирав на повредата на уставното начело на пресумпцијата на невиност – „секој е невин се додека не се докаже спротивното со правосилна судска одлука“. Реагирав затоа што со вакви изјави се влијае врз судските органи во текот на постапката. Го добив следниот официјален одговор од Секторот за внатрешни работи и професионални стандарди: „Ве известуваме дека се уште не се извршени потребните проверки и разговори со Котевски по Вашата претставка, поради негова отсутност од МВР. За исходот од Вашата претставка ќе бидете благовремено известени“. Претставката ја упатив на 8 август, одговорот го добив на 10 септември… до ден-денес се уште чекам портпаролот да биде „присутен“ во МВР… Вака работи нашето МВР „во согласност со Уставот и законите“. За жал, тоа е нашата реалност…
П.С. Јас имав привилегија да другарувам со Тоше… му помагав секогаш кога можев… и тогаш кога му беше најтешко, кога разочаран од неговиот статус во Македонија сакаше да си замине во Англија… Којзнае дали ќе ја избегнеше судбината доколку беше на островот… Или од пишаното не се бега. Почивај во мир Тошка и вечна ти слава.

Авторот е пратеник

 

Полниот текст со енормно многу коментари тука.

400 Bad Request

•Септември 30, 2007 • Напиши коментар

400 Bad Request, Your browser sent a request that this server could not understand.

Ако сте инсталирале google web accelerator, дефинитивно, тоа е проблемот. Одинсталирајте ја.

Писмо Младина на ПОА до г. Владо Бучковски

•Август 7, 2007 • Напиши коментар

Во целост го пренесувам писмото превземено од официјалниот сајт на ПОА кое е испратено од Младината на Православна Охридска Архиепископија до г. Владо Бучковски.

 

 

Писмо до Поранешниот Претседател на Владата на Р. Македонија г. Владо Бучковски

До:
Поранешниот Претседател на Владата на Р. Македонија
г. Владо Бучковски

Скопје, 6ти Август 2007

Почитуван г. Бучковски, поранешен Претседателе на Владата на Р. Македонија,

Ви пишуваме од името на Младината на Православната Охридска Архиепископија, а по повод најновите настани околу последната кривична пријава против Вас и одземањето на пратеничкиот имунитет.

Да бидеме искрени, тоа што се случуваше со Вас последниве неколку денови го доживеавме потресно. Од една страна затоа што падна како срам за сите, кои си ја љубат татковината, бидејќи таа – Р. Македонија, сеуште се промовира како варварска држава, но од друга страна сето тоа го доживеавме и како болно потсетување на она што токму во времето на Вашето владеење ни се случуваше нам, на припадниците на Охридската Архиепископија.

Срамно е до бескрај бившиот Претседател на Владата да биде омаловажуван на граничните премини и како што Вие изјавувате: задржан од полицијата цели 15 минути. Но, уште посрамно е што токму во времето на Вашето владеење Архиепископот на Охридската Архиепископија, г.г. Јован, не само што со часови беше задржуван на граничните премини во Македонија, туку после политичка пресуда беше ставен во затвор. Слушаме, денес, велите дека штом тоа Вам Ви го прават тогаш што ли им прават на другите граѓани во Р. Македонија? Тоа прашање го постави Неговото Блаженство Архиепископот г.г. Јован пред пет години, токму тогаш кога Вие бевте на власт, а нему му правеа и му прават многу, многу полошо отколку што Ви прават Вам, но тогаш Вие молчевте.

Денес, кога Вам Ви се прави неправда, ние Ве сожалуваме, но се чудиме како тоа, токму од денес: „Р. Македонија не е правна држава, туку политичка”, како тоа од денес: „Во Р. Македонија грубо се кршат човековите права и демократијата”, како тоа, токму од денес: „Р. Македонија е циркус држава”, како што изјавувате Вие или Вашите сопартијци, а вчера, кога Вие бевте на власт и истото му го правевте не само на Архиепископот г.г. Јован, туку и на другите припадници на Охридската Архиепископија, Р. Македонија беше правна држава, беше демократска и според Вашите зборови, пристојно место за живеење?!

Во времето на владеењето на Вашата партија, г. Бучковски, насред зима, полицијата ги истера голораките монаси и монахињи од манастирите само затоа што пристапија кон Охридската Архиепископија. Во време кога г. Црвенковски беше Претседател на Владата, г. Хари Костов Министер за внатрешни работи, а Вие Министер за одбрана, платеници на службата за Државна безбедност и контраразузнавање, мизерно, гнасно и злосторнички влегоа во манастирот „Свети Јован Златоуст“ со намера да направат атентат врз Архиепископот г.г. Јован. Лути што не го најдоа, им ги стрижеа косите на монахињите и го запалија конакот. Виновниците, секако, никој никогаш не ги пронајде, но историјата запиша дека тоа се случи во време кога и Вие учествувавте во таквата тиранска власт. Мал е изговорот ако се рече дека тоа го замеша несудениот цар на Македонија, најголемиот тоталитарист во нејзината историја, г. Бранко Црвенковски.

Со ова немаме желба да Ве судиме. Судот е во Божји раце. Тој ги осуди и Нерон, и Јулијан Отстапник. А, историјата на Црквата само забележа, како што впрочем и сега ќе забележи, дека постоеше еден Претседател на Владата на Р. Македонија, кој бараше да му се почитуваат неговите човекови права, што е сосем добро, но тој не ги почитуваше правата на припадниците на Охридската Архиепископија.

Простете на дрскоста, но многу смешно звучи кога денес, со претензија да бидат оригинални, ги повторувате зборовите што Неговото Блаженство Архиепископот г.г. Јован ги кажуваше уште пред цели пет години. Дискредитирањето, судењата и затворањата на Архиепископот, навистина беа политички, а за да се оценат од каква природа се непријатностите кои Вие ги доживувате, треба да помине уште време. Пред пет години, Архиепископот г.г. Јован ја предупреди сета јавност дека штом него му го правите тоа (а, да не заборавиме дека токму тогаш Вашата партија беше на власт), него, којшто како што е општо познато ја имаше подршката од целиот свет, тогаш колку полесно е да испратите на нов Голи Оток некој, кој нема таква подршка?

Веројатно сега Ви е тешко, за тоа ја имате нашата сострадателност, веројатно Ви е мачно, и за тоа Ве сожалуваме, но немојте само да се вбројувате во жртвите на борбата за човекови права во Р. Македонија. Таа борба е веќе добиена со жртвата на Архиепископот г.г. Јован. Простете, но секое страдање за човекови права после неговото, особено од луѓето коишто и самите биле креатори на политичките судски процеси во, наречи ја „демократската, правна држава” Р. Македонија, ќе прилега на комедија.

За крај, искрено сакаме Господ да Ве утеши, но да не заборавиме дека е невозможно да се утеши оној кој другите не ги теши, невозможно е да добие милост, оној кој со другите не е милостив, конечно, невозможно е некој да добие човекови права, ако не е подготвен тие права да ги подели со другите.

Со должна почит,

Овластен од Младината на
Православната Охридска Архиепиксопија
Божидар Барлакоски
Пере Темелковски 14
Прилеп

Прикривање

•Август 5, 2007 • Напиши коментар

Изминаа неколку дена, откако МП„Ц“ ја изгуби сопственоста врз хотелот во Струга, а ни ал ни абер да се објави, да се разгласи, па архирасколникот Стефан да излезе со повторна изјава, односно извинување дека лажел, зашто пред неколку месеци негираше секаква поврзаност за губење на овој објект. Се доведува под знак прашалник веќе и за што всушност тие немаат излажано. Сега за сега успешно се прикрива со пожарите, кои, како што се сомнева „Фокус“ се конструирани од страна на СДСМ, подркрепувајќи го тој факт дека предвиделе пред 2-3 месеци, дека можно е да се опструира работата на владата со неприлики и непогоди кај нас, па од сите можни варијанти, најмногу одговарале пожари. Само што нема кој да истражи. Исто и со аферата на г. Бучковски.

Како и да е, за хотелот ни ал ни абер. Се надевам дека некој ќе се сети што се случило, па ќе го одвитка клопчето, кој, зошто, како, и со кој, лажел, криел…. Па се доведува едно основно прашање: Кој тоа нормален би ја признал МП„Ц“ кога ни Ц немаат од Црква, полни се со криминал до криминал. По зборовите на г.г. Јован (парафразирам) „Ако јас за толку кратко време во МПЦ сум можел да направам толку криминал, што станува ако ја провериме работата на останатите постари владици на МПЦ.“ Очебијно е, дека на МП„Ц“ му е битен само префиксот М(македонска) за да може да опстане, да се вади од калта пред нашиот, нажалост, слеп народ, а се што и е доверено, да пропилкува за бош-профит. Па? Некој да има збор?

Тенџерко атакинг

•Јули 22, 2007 • Напиши коментар

Вчера за медиумите, даде изјава расколничкиот архиеп. г. г. Стефан, која ни најмалку не ме зачуди, а и верувам никој не се изненадил од изјавените глупости и „духовни“ поуки. Се прашувам, кога ќе се случи од нивна уста да излезат зборовите ГОСПОД, ЦРКВА, ЕДИНСТВО, БРАЌА, КАНОН, БЛАГОСЛОВ и така натаму. Црковниот спор планираат да го решат со отворање на македонска црква во Србија??!? Па како мисли да го расчисти црковниот спор кога само провоцира, и изкажува максимално политичко настроение со провокации, а никако духовност. Тоа впрочем кажува за нивната духовност. Кога еднаш ќе им дојде на дневен ред, решавање на проблемот со единството? Се прават поголеми и од Господ. Па цели 35 години Светиот Дух снизходеше само да има благодет во нивната расколија, а тие нималку нема да „снизходат“ со што би го оставиле префиксот „македонска“ само за момент. Зарем ако го нема префиксот нема да сезнае од каде е таа црква? И каква е таа црква? И што се верниците по нациоалност? Но, УДБА не мисли така. Како инаку би ја контролирала дијаспората ако не со сопствена „Црква“.

Колку и да се должи за ова прашање, залудо е. Зашто се е толку очебијно. Кој има очи да гледа, ќе види. И ако го поставите ова прашање на дневен ред со богослови, теолози, и ред други од редот на МП„Ц“, секогаш кога им завршат оправдувањата и се најдуваат во ќор сокак, одговараат со „Е па тоа е.“ Чудесн теологија. Нова религија ќе се создаде за феномените од МП„Ц“. Само прашање на време е кога ќе се прогласи официјално, сега неофицијалниот поглавар г. (како граѓанинот, а не господин) Б.Ц. зашто еве, веќе го почнаа процесот со меѓусебно делење на ордени за заслуги. Господ нека ни е на сите напомош.

Селски Македонски Конгрес

•Јули 13, 2007 • Напиши коментар

Поздрави за господинот Петров, што најпрв се сети дека МП„Ц“ треба да издава томоси за автономија и да прогласува автокефалија на други православни цркви. Само човек може да му се чуди на умот. Господ нека му е напомош.

Оди познај да те видам!

•Мај 7, 2007 • 3 Коментари

WOW